НАСА: Русија собра украинско жито во вредност од милијарда долари

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Оваа година Русија собра жито во вредност од приближно една милијарда долари на украинските полиња, објави американската вселенска агенција НАСА.Околу 5,8 милиони тони пченица се собрани на полиња во подрачја „не под украинска контрола“, објави НАСА Harvest, програма на Агенцијата за безбедност на храна и земјоделство, а пренесе германската агенција dpa.

NASA Harvest, во соработка со неколку партнерски институции, користеше сателитски податоци и моделирање за истражување.

Вкупно, годинава на украинска територија се собрани 26,6 милиони тони пченица, што е значително повеќе од минатогодишните предвидувања, проценуваат научниците вклучени во истражувачкиот проект.

Иако ова е намалено од минатогодишната рекордна жетва од 33 милиони тони, износот е сè уште блиску до петгодишниот просек од 27,9 милиони тони.

Украина немаше пристап до 22 отсто од житото во источниот дел на земјата поради тековната руска инвазија.

Според НАСА, вкупно 88 отсто од минатогодишните зимски култури биле собрани во области кои не се под контрола на Украина. Неожнеаното жито најчесто се наоѓа на полињата во близина на линијата на фронтот.

Share This Article