More

    Најмалку 21 лице загина во пожар во рудник во Казахстан

    spot_img

    Најмалку 21 лице загина во пожар во рудник во Казахстан, соопшти во саботата Арцелор Митал Темиртау, локалната единица на луксембуршкиот производител на челик што работи со рудникот.

    Од 252 лица во рудникот Костенко, 208 се евакуирани, а 18 побарале лекарска помош, се наведува во соопштението на компанијата. Дваесет и три лица не беа лоцирани до полноќ по локално време.

    Казахстанскиот претседател Касим-Зомарт Токаев, кој изрази сочувство до семејствата на жртвите, нареди владата да ја прекине инвестициската соработка со Арцелор Митал Темиртау.

    Во соопштението на Владата се вели дека го финализира договорот за национализација на компанијата што управува со најголемата фабрика за челик во земјата.

    Минатиот месец, првиот заменик-премиер Роман Скљар изјави за новинарите дека Казахстан е во разговори со потенцијални инвеститори кои би можеле да ја преземат фабриката.

    Тој рече дека владата не е задоволна од неуспехот на Арцелор Митал да ги исполни своите инвестициски обврски, да ја надгради опремата и да ја обезбеди безбедноста на работниците по серијата фатални несреќи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img