Ова е Ивана А. која успеа да ги крене на нозе Црна Гора и БиХ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Три лица уапсија полициите на Црна Гора и на БиХ во врска со измама вредна 1,3 милиони евра која ја водела Ивана А. Таа на 12 април годинава дошла пред банката „Ловќен“ во Херцег Нови и ја подигнала оваа невероатна сума во форма на два платни налози од 1,2 милиони долари и 230.000 евра, пренесува Индекс.

Ивана ги подигнала парите од туѓа сметка на жена од Будва со иницијали М.О. Таа претходниот ден(11 април) успеала да го докаже својот идентитет со лажна лична карта додека била на средба со правителот на експозитурата на банката „Ловќен“. Тоа се случило околу 13 часот, а возилото со кое дошла било на соучесник во криминалот со името Марко Д.

Ивана се договорила да ги подигне сите пари од сметката следниот ден околу 15 часот, но подоцна преку Вибер му се јавила на управителот и му рекла да ги подигне парите порано, околу 10 часот и 30 минути.

Така и биднало. За разлика од претходниот ден кога дошла со Марко, Ивана да ги собере парите дошла со такси.

Полицијата на Црна Гора и на Босна и Херцеговина уапси три осомничени лица во големата акција. Меѓу осомничените е и Саша К., од чиј мобилен Ивана му се јавила на управителот на експозитурата.

Но, при повикот од Вајбер управителот на екранот го видел испишан мобилниот на М.О., вистинската сопственичка на сметката.

Полициската акција беше спроведена истовремено во Требиње и Бања Лука, каде што беа претресени простории што ги користеа три лица. Откриени и одземени се околу 25.000 евра, поголема количина оружје и муниција и околу три килограми марихуана.

Share This Article