More

    Најголем долг има „Окитна трејд“ од 11,5 милиони евра

    spot_img

    Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници за неплатени обврски до 31 јануари по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

    На Листата се 1.872 должници – правни лица што е за 15 повеќе од претходната листа и 3.628 физички лица или за 85 помалку од претходната листа.

    Вкупно објавениот нето долг изнесува 10,34 милијарди денари (166 милиони евра).
    Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10,14 милијарди денари, додека долгот за царински давачки е 204 милиони денари.

    Најголем должник е „Окитна трејд“ со седиште во Визбегово. Оваа фирма должи 719.131.354 денари (11,5 милиони евра) за неплатен ДДВ.

    На листата се голем број јавни комунални претпријатија во сопственост на општините, акционерски друштва во државна сопственост, потоа приватни здравствени установи, спортски клубови, замјодлески задруги…

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img