Фудбалерите на Арсенал на гости го совладаа Манчестер Јунајтед со резултат 1:0, а единствениот гол на „Олд Трафорд“ го постигна Леандро Тросар во 20. минута.
Арсенал го престигна Манчестер Сити на табелата, иако со натпревар помалку.
„Топџиите“ сега имаат 86 бодови, а „граѓаните“ 85.
Вчерашната фудбалска претстава ја расипа дождот, кој во текот на натпреварот силно врнеше.
Колку силно врнеше најдобро покажува видеото на кое може да се видат водопади како течат на трибините.
Во продолжение, погледнете го видеото: