Додека 81 свеќичка за малку не направи пожар на роденденската торта на американскиот претседател Џо Бајден и беше коментирана во американските медиуми, почна да расте галамата во САД дека неговиот ривал, Доналд Трамп, всушност, е само четири години помлад.
На денот на роденденот на Бајден, Трамп на социјалните мрежи побрза да покаже дека е во добро здравје.
Тој објави писмо потпишано од својот личен лекар Брус Аронвалд во кое лекарот зборува за „одличното здравје на Трамп“, вклучително и дека испитувањата на когнитивните способни кои биле исклучителни, пишува ЊујоркПост.
„Кардиоваскуларните студии се сите нормални и сите тестови за скрининг за рак се негативни. Претседателот Трамп ја намали својата тежина преку подобрена исхрана и континуирана секојдневна физичка активност, додека одржуваше ригорозен распоред“, се додава во писмото.
Доналд Трамп и Бајден ќе влезат во претседателската трка на изборите догодина во САД. Meѓу републиканските кандидати ќе бидат и Рон Де Сантис(45), Ники Хејли(51), но и 38-годишниот Вивек Рамасвами.
Засега, Бајден и официјално е најстариот човек што бил претседател на САД. Тој вчера ги „помеша“ пејачките Тејлор Свифт и Бритни Спирс при обидот да се пошегува на годишното помилување на мисирки во Белата куќа.