More

    Исчезнатиот планинар пронајден мумифициран во мраз по 22 години

    spot_img

    Сочуваното тело на американски планинар кој исчезна пред 22 години додека се искачуваше на снежниот врв во Перу е пронајдено по топењето на мразот предизвикано од климатските промени, соопшти денеска полицијата.

    Вилијам Стампфл беше пријавен за исчезнат во јуни 2002 година на 59-годишна возраст, кога лавина ја затрупа неговата група алпинисти на планината Хуаскаран, висока повеќе од 6.700 метри. Пребарувањето не даде резултати.

    Перуанската полиција соопшти дека неговите останки биле откриени со топење на мразот на планинскиот венец Кордилера Бланка на Андите.

    Телото на Стампфл, како и неговата облека, појасот и чизмите, беа добро сочувани од студот, како што се гледа на сликите што ги сподели полицијата.

    Меѓу работите бил пронајден и неговиот пасош, што и овозможило на полицијата да го идентификува телото.

    Планините во североисточниот дел на Перу, дом на врвовите покриени со снег како Хуаскаран и Кашан, се омилени меѓу планинарите од целиот свет.

    Во мај таму беше пронајдено тело на израелски планинар, речиси еден месец откако исчезна.

    Минатиот месец искусен италијански планинар беше пронајден мртов откако падна додека се обидуваше да се искачи на друг врв на Андите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img