More

    НА ЕВРОПА Ѝ СЕ ПРЕДВИДУВА РЕЦЕСИЈА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА

    spot_img

    Економските експерти се загрижени за ризикот од рецесија во европските земји до крајот на 2024 година, покажуваат резултатите од кварталното истражување објавено денеска од Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен и Швајцарскиот институт за економска политика.

    Во Европа очекувањата се доста хетерогени, при што експертите од Германија, Велика Британија и Холандија предвидуваат дека веројатноста за рецесија во нивните земји е 38%.

    Во денешниот извештај се посочува дека, подетален поглед на Европа покажува дека согледаната веројатност за рецесија се движи од 8% (за Северна Македонија) до 60% (за Босна и Херцеговина). За Србија веројатноста е од 25 до 30%.

    Веројатноста за рецесија во Италија до крајот на годината е 27%, во Франција 23%, во Шпанија 22%.

    Гледајќи по региони, експертите од Источна Европа, Јужна Америка, Северна Америка, Северна и Западна Европа покажуваат најголема загриженост поради можна рецесијата.

    Според експертите, главни фактори кои можат да влијаат на можна рецесија се геополитичките настани и поскапувањето на енергенсите.

    Експертите очекуваат глобален економски раст од 2,4% во 2024 година и негово забрзување до 2,9% во 2025 година и до 3,3% во 2027 година.

    Прогнозите се прилично мрачни за повеќето земји од Западна Европа, бидејќи според експертите, скромен раст од 0,6% се очекува во Германија во 2024 година, Велика Британија 0,5%, Австрија 0,9%.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img