МВР на РСМ – Билтен на настани

Saso
By Saso 7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На 24.02.2023 во 00.35 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.В.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 23.02.2023 во 15.40 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.Б.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 23.02.2023 во 20.50 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ѓ.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 23.02.2023 во 19.50 часот на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 23.02.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, по преземени мерки и активности, ги лишиле од слобода Ф.С.(40), А.В.(34) и А.Р.(37),сите од Битола. Тие се сомничат дека извршиле тешка кражба во куќа на ул.„Страшо Пинџур“ во Битола, при што одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.02.2023 околу 09.20 часот на патот во тетовска Брвеница, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 26-годишниот Љ.К. од тетовска Гургурница, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

На 23.02.2023 на ул.„Дебарска“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Д. О.(37) од Битола, затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 23.02.2023 на ул.„Караорман“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода И.Ч.(23) и Џ.А.(31), двајцата од Битола, затоа што кај нив бил пронајден и одземен хероин. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во текот на вчерашниот ден (23.02.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 315 возачи. Од нив 24 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 173 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 142 надвор од населено место.

- Advertisement -
Ad image

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 206 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за возење под дејство на алкохол…

Во текот на вчерашниот ден (23.02.2023), во периодот од 12.00 до 16.00 часот, на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, преглед на средношколци пред влегување во училишта, угостителски и објекти за игри на среќа во непосредна близина на училиштата. При контролата констатирани се три кривични дела од кои две по член 215 и 216 од Кривичниот законик. При преглед на патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, кај Б.Т.(21) и К.С.(24), двајцата од Виница, биле пронајдени марихуана и таблети. Лицата се лишени од слобода и задржани за понатамошна постапка. Констатирано е и едно кривично дело по член 284-а, бидејќи Р.М.(50) во Дебар возел такси возило без лиценца. При контролата санкционирани се 48 возачи поради сторени сообраќајни прекршоци, од кои 12 за возење без возачка дозвола…

На 24.02.2023 во 03.55 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на патниот правец помеѓу Железничка станица „Галичани“ и Железничката станица Прилеп, воз удрил во патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(39) од Прилеп. На местото на несреќата починал M.Д., а со повреди се здобиле сопатниците Т.Х.(40) и Г.Б.(39), двајцата од Прилеп, констатирани во Општата болница во Прилеп.

- Advertisement -
Ad image

На 23.02.2023 во 00.23 часот во Полициската станица Карпош, Т.Х.(20) од Скопје пријавила дека на ул.„Франце Прешерн“ била касната од куче скитник.

На 23.02.2023 во 13.30 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Димитар Влахов“ во Кочани, патничко возило „рено клио“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Т.Ј.(68) од с.Горни Подлог, удрило во малолетничка од Кочани. Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Здравствен дом во Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

На 23.02.2023 во 15.00 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(31) од Скопје пријавил дека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ бил каснат од куче скитник.

TAGGED:
Share This Article