More

    МВР – ИЗВАДОК ОД ДНЕВНИТЕ НАСТАНИ, 30.01.2024

    spot_img

    По преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани при СВР Штип расчистија две кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба во обид“ извршени на 29.01.2024 на територијата на општина Кочани од бутик, автоперална и сендвичара, од каде се одземени разни предмети и пари. Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, во полициска станица биле повикани двајца малолетници од Кочани. Во службен разговор тие ги признале кривичните дела. Украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

     Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера (29 јануари) околу 17 часот и 15 минути во гостиварска Горна Бањица лишиле од слобода малолетник од населба Фазанерија. Тој се сомничи дека на 27-ми овој месец во Гостивар извршил разбојничка кражба над друг малолетник од населбата Циглана и му одзел личен предмет. Одземениот предмет вчера е пронајден и вратен на мајката на малолетникот. По целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе следува соодветен поднесок.

     На 29.01.2024 во 16.30 часот во Скопје на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Е.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

     На 29.01.2024 во 21.45 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода Н.М.(49) од Охрид. При преглед во патничко возило „опел зафира“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

     На 29.01.2024 во 09.50 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода С.Е.(27) од Република Албанија затоа што при гранична проверка било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка – Интерпол. Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

     На 29.01.2024 околу 12.30 часот во близина на Граничен премин Ќафасан, при обид за илегален излез од државата, кај место викано „Борови“, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.П.(19) од Република Албанија поради тоа што не поседувал документ за идентификација. Тој бил задржан во Полициска станица за граничен надзор Франгово за понатамошна постапка.   

     Во текот на вчерашниот ден (29.01.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 139 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 67 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 72 надвор од населено место.

     Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.01.2024) продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 124 мерки, меѓу кои 13 санкции за непочитување на брзината на движење, 13 мерки за возење без возачка дозвола, една санкција за управување под дејство на алкохол, три мерки за поминување на црвено светло на затворен семафор…  

     На 29.01.2024 во 12.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Босна и Херцеговина“ со ул.„Тале Христов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.В.(43)  и патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(29), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки  телесни повреди се здобил Д.Н. констатирани во приватна болница во Скопје, додека со телесни повреди се здобил М.В., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

     На 29.01.2024 во 22.30 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Неготино, кај место викано „Антена“, патничко моторно возило „фиат стило“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.С.(24) од Кавадарци, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.С. констатирани во Општа болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.   

     На 29.01.2024 во 17.20 часот во Полициската станица Бит Пазар, А.А.(24) од Скопје пријавил дека на ул.„Адем Демачи“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

     На 29.01.2024 во 17.30 часот во Полициското одделение Арачиново, Н.Б.(48) од с.Арачиново, скопско, пријавила дека во селото нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

    На 29.01.2024 во 12.50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Љ.Д.(73) од с.Волково, скопско, пријавил дека во селото бил каснат од куче скитник. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img