На 24.09.2024 во 15.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 24.09.2024 во 21.15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 24.09.2024 во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.С.(32) од село Инџиково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 24.09.2024 во 22.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Ц.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 24.09.2024 во 16.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С.(27) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена грутчеста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 24.09.2024 во 18.45 часот на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го привеле А,Ј.(20) од Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 24.09.2024 во 18.25 часот на ул.„Даме Груев” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода П.Т.(23) и С.А.(25), двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај П.Т. биле пронајдени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. По документирање на настанот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 24.09.2024 во 20.30 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода Д.Б.(46) и малолетник, двајцата од Велес. Тие биле затекнати во моментот кога Д.Б. му продавал зелена растителна материја на малолетникот. Известен бил јавен обвинител и Центарот за социјални работи и по документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 24.09.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека околу 14.30 часот во Казнено – поправната установа Затвор Прилеп, при преглед на осуденикот П.Т.(31) од Прилеп, била пронајдена марихуана. Увид извршила екипа од ОВР Прилеп и дрогата била подигната за понатамошна постапка.
На 24.09.2024 во 10.10 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.К.(27) од Република Турција, затоа што при пасошка контрола и проверки било констатирано дека приложил фалсификувана зелена карта за товарното моторно возило „волво“ со турски национални ознаки, кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници во Полициската станица Крива Паланка за понатмошна постапка.
На 24.09.2024 во 12.40 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода К.М.(35) од Косово, затоа што при пасошка контрола и проверки било констатирано дека приложил фалсификувана возачка дозвола. Тој бил предаден на полициски службеници во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
На 25.09.2024 во 00.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Мавровска крстосница – Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од АФ.(23) од с.Мала Речица, тетовско и патничко возило „бмв“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(33) од Дебар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.Д.(22) од Дебар, сопатничка во возилото „ауди“, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничката во возилото „ауди“ – С.Ф.(44) од Тетово, констатирани во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид и во Медицински центар во Гостивар. Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар.
На 24.09.2024 во 09.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од ул.„Гоце Делчев“ и бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(69) од село Ваксинце, општина Липково, удрило во С.Д.(62) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., констатирани во Ургентен центар Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
На 24.09.2024 во 13.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосница на булеварот „Јане Сандански“ со улицата „Галичица“ во Охрид, З.Ц.60) од Охрид, управувајќи мопед „пежо“ со охридски регистарски ознаки, во обид да избегне директен судар со патничко возило, кое претекнувало друго возило, изгубил контрола и паднал на коловоз. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај презема мерки за пронаоѓање на возачот на патничкото возило кој не застанал да му пружи помош на моторциклистот, туку веднаш го напуштил местото, по што ќе биде поднесена соодветна пријава. Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи.
На 24.09.2024 во 23.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С.(27) од Скопје и автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.М.(65) од село Стајковци, скопско, при што бил удрена и 26-годишната Е.Ф. од Скопје (пешак). Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Ф., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 24.09.2024 во 08.30 часот во Полициската станица Аеродром, А.С.(27) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 24.09.2024 во 10.00 часот во Полициската станица Чаир, Л.В.(50) од Скопје пријавила дека на ул.„Бутелска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 24.09,2024 во 13.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Д.С.(43) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје била касната од куче скитник, при што паднала и се повредила.