More

    МВР – ИЗВАДОК ОД ДНЕВНИТЕ НАСТАНИ, 19.03.2024         

    spot_img

    По преземени мерки и добиени сознанија дека подолг период врши продажба на дрога на зависници во Скопје, на 18.03.2024, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при Оддел за криминалистичка полиција, во координација со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје и Специјалната антитерористичка единица Тигар, со судска наредба, извршиле претрес во домот и други простории на Г.П.(45) од Скопје. При претресот биле пронајдени и одземени хероин, дигитална вага, повеќе предмети со остатоци од хероин и повеќе други вредни предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Исто така, при претресот во домот на Г.П. бил затекнат и Д.Ж.(46) од Скопје. Двајцата биле лишени од слобода. Претходно, од слобода бил лишен и З.Д.(50) од Скопје, кој во текот на денот бил во домот на Г.П. и користел хероин. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    На 18.03.2024 во 16.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 18.03.2024 во 14.50 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Р.(19) од Република Бугарија затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    Во текот на вчерашниот ден (18.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 156 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 73 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 83 надвор од населено место.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции, 25 мерки за некористење сигурносен појас, осум санкции за непрописно престројување на возила…

    На 19.03.2024 околу 01.05 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп – Битола, во близина на Прилеп, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(58) од Битола и патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(20) од Прилеп. Во несреќата возачот Д.К. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Прилеп. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.     

    На 18.03.2024 околу 12.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица – Ново Село, делница помеѓу селата Босилово и Турново, патничко возило „фолксваген поло“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 40 годишната В.Д.Т. од село Стиник, општина Ново Село, излетало од коловозот. Од здобиените повреди починало бебе, кое било превезувано во возилото, а смрт констатирал лекар во Медицински центар Струмица. Со телесни повреди се здобиле В.Д.Т. и сопатничката С.Т.(49) од село Доброшинци, струмичко. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.

    На 18.03.2024 во 13.20 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ј.Б.(73) од Скопје, со кои се здобил во сообраќајна несреќа. Полициски службеници со него извршиле службен разговор во кој изјавил дека на 17.03.2024 околу 17.00 часот на ул.„Методија Патчев“ во Скопје, додека управувал велосипед, бил удрен од мотоцикл, кој го напуштил местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

    На 18.03.2024 во 19.00 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Т.(25) од Скoпје пријавила дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје била касната од куче скитник.

    На 18.03.2024 во 22.45 часот во Полициската станица Гази Баба, З.Н.(59) од Скопје пријавила дека на ул.„Зеничка“ во Скопје била касната од куче скитник.

    На 18.03.2024 во 12.00 часот, А.М.(34) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улицата „Душан Јовески“ бил каснат од куче скитник. Истиот ден, Р.Ј.(66) од кичевското село Србјани пријавил дека на локален пат во селото бил каснат од куче скитник.  

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img