На 17.06.2024 во 20.00 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода З.Ц. (45) од Куманово, затоа што при преглед кај него бил пронајден хероин. З.Ц. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 17.06.2024 во 16.40 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 17.06.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Ресен, П.П.(34) од Ресен пријавил дека во атар на с.Златари, ресенско, била пронајдена експлозивна направа. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал експлозивната направа и констатирал дека се работи за неексплодирана граната калибар 62мм од Првата светска војна. Извршен бил увид.
На 17.06.2024 околу 13.00 часот во провалија покрај патот Охрид – Отешево, полициски службеници со помош од параглајдеристи пронашле патничко возило „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки и во негова близина биле пронајдени две починати лица. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицата, а полициски службеници констатирале дека се работи за М.Х.(59) и М.Х.(56), двајцата од Ресен, за кои на 16.06.2024 во 22.00 часот нивниот син пријавил дека се оддалечиле од домот со возилото. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.
На 17.06.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат 1401, делница помеѓу село Страниште и „Марвинска клучка“, кај село Брајковци, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.А.(50) од село Балинци, валандовско и патничко возило „фолксваген пасат“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(35) од село Марвинци, валандовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Н., констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
На 17.06.2024 во 19.55 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат 1109, обиколница Богданци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(62) од Богданци и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.М.(36) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Г., а возачот З.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.
На 17.06.2024 во 21.10 во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Блаже Конески“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Т.(45) и електричен тротинет управуван од И.А.(38), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.А., додека Н.Т. се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 17.06.2024 во 17.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Попова Шапка – Тетово, во с.Гајре, тетовско, четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од М.Р.(39) од с.Порој, тетовско, излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник Е.Н.(32) од с.Порој, констатирани во Клиничка болница Тетово. По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
На 17.06.2024 во 23.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Гостивар – с.Вруток, во с.Здуње, патничко моторно возило „џип“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.С.(58) од гостиварски Вруток, удрило во А.Ш.(61) од гостиварско Врбјани. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани од Медицински центар Гостивар. Увид извршила екипа од ОВР Гостивар.
На 17.06.2024 во 10.40 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Д.(53) од Скопје пријавила дека на ул.„Финска“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 17.06.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Центар, К.Д.(65) од Скопје пријавил дека на ул.„Кеј Димитар Влахов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 17.06.2024 во 15.15 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.Ј.(49) од Скопје пријавила дека на ул.„Финска“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.