На 14.08.2023 во 15.00 часот на ул.„23 Октомври“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.М.(32) од Скопје. Тој бил затекнат при обид да одземе велосипед сопственост на Д.М.(51) од Скопје, кој бил врзан со сајла. Лицето се обидело да побегне, но билo фатенo и лишенo од слобода. Ф.М. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.08.2023 во 10.30 часот на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Б.М.(21) од Гостивар. Претходно, тој бил забележан од полициски службеници како фрлил неколку пакувања со кокаин и се обидел да побегне. Кокаинот бил пронајден, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (15.08.2023) во 01.50 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј.(34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 14.08.2023 во 17.35 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Н.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 14.08.2023 во 15.30 часот на улица „Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ј.Ј.(18) од тетовско Добарце, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.08.2023 во 18.30 часот на Граничниот премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода Х.О.(46) од Република Турција, поради сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. При пасошка контрола и проверки било констатирано дека на неговата патната исправа недостигаат повеќе страници. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.
Во текот на вчерашниот ден (14.08.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 214 возачи. Од нив, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 84 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 130 надвор од населено место.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (14.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 155 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.08.2022) во периодот од 08.00 до 12.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведе акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 33 возачи.
На 14.08.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 24 прекршоци, од кои 12 надвор од населено место и 12 во населено место. Санкционирани биле и 27 други видови на прекршоци, од кои 6 за управување возило без возачка дозвола, 3 за нерегистрирано возило, 2 за возач почетник, 3 за недавање првенство на минување на пешаци, 1 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон, 5 прекршоци сторени од пешаци, 3 за неносење заштитна кацига и 3 за непрописно паркирање.
Вo текот на вчерашниот ден (14.08.2023), во периодот од 08.00 до 20.00 часот, полициските службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани и санкционирани 18 (ТЕ-12 и ГВ-6) пречекорувања на брзината надвор од населено место. Исто така, во период од 08.00 до 12.00 часот била спроведена акциска контрола кон возачите кои не ги почитуваат правилата за предност на минување на пешаци на обележани пешачки премини, при што биле констатирани и санкционирани 7 прекршоци (ТЕ). За време на контролите биле констатирани и 41 друг вид прекршоци (ТЕ-38 и ГВ-3). На сите возачи – прекршители им биле изготвени и законски предвидените поднесоци.
На 14.08.2023 во 08.55 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистрален пат Гостивар-Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Л.(73) од Гостивар и патничко возило ,,шевролет“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(57) од Тетово. По несреќата, возачите и сопатниците од двете возила биле пренесени во Ургентен центар во Гостивар, каде кај двајцата возачи и сопатникот Ј.Л. од патничкото возило „голф“ биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај сопатниците Ш.А. и Ј.Ј. биле констатирани телесни повреди. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
На 14.08.2023 во 08.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Крсте Петков Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(64) од Скопје и електричен тротинет, управуван од М.Р.(20) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Р., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 13.08.2023 во 20.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Маршал Тито“ и ул.„Димитар Цветинов“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено лагуна“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.К.(33) од Струмица и патничко возило „фолксваген голф“ со странски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(21) од с.Ињево, радовишко, кое потоа удрило во паркирано патничко возило „хјундаи санта фе“ со бугарски национални ознаки, паркирано од Ј.Н.Д.(55) од Република Бугарија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „фолксваген голф“, а неговиот сопатник Ѓ.Т.(20) се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.
На 14.08.2023 во 17.55 часот во СВР Велес било пријавено дека на делницата од автопатот Скопје-Велес, во близина на исклучокот Велес-Исток, патничко возило „алфа ромео“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Х.А.(40) од с.Долно Јаболчиште, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле тројца сопатници, Ќ.С.(20), Џ.А.(69) и Џ.А.(36), а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
На 14.08.2023 во 19.15 часот во Полициското одделение Галате, А.И.(37) од гостиварско Галате пријавила дека во Галате, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.