На 11.06.2024 во 22.10 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.06.2024 во 23.55 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.С.(39) од с.Гошинце, липковско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.06.2024 во 13.15 часот на Граничниот премин Ќафасан, полициски службеници го лишиле од слобода С.Д.(34) од Радовиш затоа што при гранична проверка било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на СВР Струмица. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Струмица за понатамошна постапка.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 123 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, 17 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за користење мобилен телефон при возење. Изречени се три мерки за некористење сигурносен појас, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
На 11.06.2024 во 12.55 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на ул.„Браќа Блажески“ во Гостивар патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Х.Р.(33) од гостиварска Ломница, удрило во малолетник од гостиварско Сенце. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
На 11.06.2024 во 12.50 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„АСНОМ“, патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(18) од Битола, удрило во пешак Р.Л.(82) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Л. констатирани во Специјаната болница „Св.Еразмо“ Охрид. По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
На 11.06.2024 во 12.30 часот во ОВР Виница било пријавено дека во атар на с.Лаки, виничко, при транспорт на дрва со трактор, С.Ѓ.(71) од Виница се превртел со тракторот и се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Виница.
На 11.06.2024 во 18.30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на локалниот пат во с.Октиси, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со струшки регистарски ознаки, управуван од А.Ц.(20) од с.Октиси и малолетничка од с.Октиси, по што мотоциклистот го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медицински центар Охрид. По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.
На 11.06.2024 во 22.40 часот во Полициската станица Карпош, А.И.(33) од Скопје пријавил дека на ул.„Атинска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.