More

    МВР- ИЗВАДОК ОД ДНЕВНИТЕ НАСТАНИ, 10.11.2023

    spot_img

    На 09.11.2023 во 18.30 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица  Кисела Вода е лишена од слобода 17-годишна малолетничка, кај која при преглед во ученички ранец, извршен во двор на основно училиште на подрачјето на Кисела Вода, пронајдена е и одземена марихуана. Во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетничка деликвенција со неа е извршен службен разговор во полициска станица, во која таа го појаснила делото. Малолетничката е предадена на родителот, за случајот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

     Денеска (10.11.2023) во 00.50 часот на потегот помеѓу с.Свидовица и с.Куклиш полициски службеници од РЦ за ГР Исток го лишиле од слобода А.Д.(63) од Струмица. Тој бил затекнат со група од 11 лица мигранти (5 од Индија и 6 од Непал), кои ќе бидат пренесени во Прифатно-транзитен центар Гевгелија. За случајот бил известен Јавен обвинител, а приведениот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.418-б, бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка. По документирање на случајот против А.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

     Вчера (09.11.2023) околу 23.00 часот, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 30-годишниот Н.М. од тетовски Пирок кај кого бил пронајден и одземен кокаин. По документирање на случајот против него ќе следува поднесок.

     Вчера (09.11.2023), полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош го лишиле од слобода Д.С. (53) од Скопје. Тој се сомничи дека претходно во текот на денот од трговски центар на подрачјето на Карпош одзел предмети. Од него биле одземени украдените предмети кои ќе бидат вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Полициски службеници на СВР Тетово вчера (09.11.2023) околу 20.30 часот на улица „170“ во Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(22) од тетовски Требош и 24-годишниот А.А. од тетовска Долна Лешница, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и нож. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

     Денеска (10.11.2023) во 01.20 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Б.(21) од Велес, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

     На 09.11.2023 во 08.45 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево го лишиле од слобода А.Д.(22) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

     На 09.11.2023 во 20.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода Е.Ф.(20) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

     Во текот на вчерашниот ден (09.11.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 292 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 172 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 120 надвор од населено место.

     Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 273 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 37 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 15 мерки за користење мобилен телефон при возење, 37 санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

     Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (09.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани биле 110 возачи, меѓу кои 85 за возење повеќе од дозволената брзина (60 во населено место и 25 надвор од населено место), 7 мерки за возење без возачка дозвола, 7 санкции за непрописно паркирање. Изречени се две санкции за користење на мобилен телефон при возење, една мерка за некористење на сигурносен појас, три санкции за управување под дејство на алкохол….

     На 09.11.2023 во 23.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Христо Татарчев“ мопед „пијаџио“ со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје удрил во  Т.С.(47) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

     Во текот на вчерашниот ден (09.11.2023), во периодот од 16.00 до 20.00 часот, Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Ѓорче Петров во Скопје, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 75 возачи, од кои 22 за возење без возачка дозвола, четири санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, шест мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), пет санкции за возење под дејство на алкохол… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

     На 09.11.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 1прекршоци, од кои 8 во населено место и 6 надвор од населено место. Санкционирани биле и 16 други видови на прекршоци, од кои 6 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 1 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон и 6 за непрописно паркирање.

     На  09.11.2023 во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Бардовци, патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(58) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

     На 09.11.2023 во 14.00 часот во Полициската станица Центар, Б.Р.(48) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар бил каснат од куче скитник.

     На 09.11.2023 во 19.20 часот во Полициската станица Аеродром, Д.М.(39) од Скопје пријавил дека на бул. „Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.

     На 09.11.2023 во 19.40 часот во Полициската станица Чаир, В.В.(56) од Скопје пријавила дека на ул.„Петар Манџуков“ била касната од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img