More

    МВР – ИЗВАДОК ОД ДНЕВНИТЕ НАСТАНИ 07.08.2023

    spot_img

    На 06.08.2023 во Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран го лишиле од слобода И.Х.(22) од Египет. Околу 07.30 часот тој бил затекнат со група од 25 лица мигранти (меѓу кои пет малолетници), сите од Сирија, и по преземени мерки било утврдено дека тој ги организирал и им помогнал илегално пеш да ја поминат државната граница од Република Грција во Република Северна Македонија. Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а И.Х. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 06.08.2023 полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Б.А.(27) од с.Рашче, скопско. Во 21.15 часот тој бил затекнат со А.А.(18), мигрант од Сирија, при илегално преминување на државната граница од Република Грција во Република Северна Македонија. Мигрантот бил сместен во прифатно – транзитен центар, а Б.А. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Денеска (07.08.2023) во 01.05 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(42) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 06.08.2023 во 23.30 часот во тетовско Боговиње, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода М.К.(28) од гостиварски Балин Дол, затоа што при преглед кај него и во возилото кое го управувал била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

    На 06.08.2023 во 15.10 часот на улица „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.К.(23) од Тетово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

    Во текот на вчерашниот ден (06.08.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 536 возачи. Од нив 36 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 262 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 274 надвор од населено место.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 87 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за возење под дејство на алкохол, осум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…

    Вo текот на вчерашниот ден (06.08.2023), во периодот од 16.00 до 22.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзината поголема од пропишаната. Притоа, биле констатирани и санкционирани 95 (ТЕ-60 и ГВ-35) пречекорувања на брзината, од кои 32 (ТЕ) во населено место и 63 (ТЕ-28 и ГВ-35) надвор од населено место. Исто така, ноќта помеѓу 05/06.08.2023 во периодот од 22.00 до 04.00 часот, била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачите кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што биле констатирани и санкционирани 26 (ТЕ) возачи кои управувале возило под дејство на алкохол и веднаш биле исклучени од сообраќај. За време на контролите биле констатирани и 14 останати прекршоци (ТЕ-8 и ГВ-6). На сите возачи – прекршители им биле изготвени и законски предвидените поднесоци додека најбрзите возачи кои ја пречекориле брзината и тие кои управувале под дејство на алкохол ќе се соочат и со заштитна мерка забрана за управување возило од 3 до 12 месеци, зависно од големината на пречекорена брзина или нивото на алкохолот во крвта.

    На 06.08.2023 во 16.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Железничка“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Д.К.(56) од Охрид и патничко возило „фиат пунто“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(50) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „фиат пунто“, Ј.Р.(75) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Со телесни повреди се здобиле возачот А.Р. и уште двајца негови сопатници, Г.Р.(45) и малолетник, двајцата од Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

    Ноќта помеѓу 05 и 06.08.2023, во периодот од 24.00 до 03.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во неколку угостителски објекти во Тетово. При контролата, во угостителски објект на улица „Маршал Тито“ биле затекнати двајца малолетници после 24.00 часот. Малолетниците биле предадени на нивните родители, а по целосно документирање на случајот против правното и одговорното лице ќе следуваат соодветни поднесоци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img