На 25.07.2024 во 14.40 часот на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Ф.Т.(55) од Гостивар. Тој бил баран со потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од три години, за сторено кривично дело „трговија со луѓе“ по член 418 – а став 3 од Кривичниот законик. Ф.Т. е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово-Скопје за издржување на затворската казна.
На 25.07.2024 во 18.45 часот на улица „Полог“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Џ.Д.(56) од Тетово, кој бил баран со потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
Денеска (26.07.2024) во 05.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода И.Ј.(44) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја и таблета. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.07.2024 во 22.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Љ.Ј.(33) и Д.Ј.(25), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.07.2024 во 20.10 часот на патот кон Средно Водно во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.07.2024 во 19.50 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода малолетник, кој претходно бил пријавен во СВР Тетово дека избегал од Воспитно – поправен дом во тетовска Волковија. Тој е предаден на надлежниот орган за понатамошна постапка.
На 25.07.2024 во 16.00 часот во гостиварско Врапчиште, полициски службеници од Полициското одделение Галате ги лишиле од слобода Ш.Д.(48) и Р.Д.(51), двајцата од Велес, поради основано сомнение за сторено кривично дело „кражба“ во гостиварско Врапчиште. Пронајдените предмети од кривичното дело ќе бидат предадени кај сопственикот, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.07.2024 во 14.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода А.Л.(28) од Република Албанија, затоа што при извршена проверка било констатирано дека се барал по меѓународна потерница по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка – Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка, а за случајот е известен јавен обвинител.
На 24.07.2024 во 11.48 часот во СВР Битола било пријавено дека во системот за јаглен во РЕК Битола била пронајдена артилериска граната со калибар 75 мм која датира од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.
Денеска (26.07.2024) во 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат с.Драчево-с.Морани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од И.С.(26) од с.Зелениково, скопско и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Ф.И.(43) од с.Страхојадица, скопско, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата сопатничка од возилото „фолксваген голф“, Х.К.(36) од с.Морани, скопско, се здобила со тешки телесни повреди, а И.С., нејзиниот малолетен сопатник и уште една сопатничка С.А.(42) од Скопје од возилото „голф“ се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 25.07.2024 во 13.25 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – с.Чегране, кај с.Форино, гостиварско, патничко возило „сузуки“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(19) од Австрија, удрило во пешакот Џ.И.(71) од с.Форино, а потоа во паркирано патничко возило „фолксваген пасат“ со германски национални ознаки, сопственост на И.Е.(63) од с.Форино, како и во излог од вулканизерска работилница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
На 25.07.2024 во 16.35 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„Тоде Богданоски“ во Гостивар, Н.Ј.(47) од Гостивар, управувајќи мопед со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
На 25.07.2024 во 19.57 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово, пред Добарски натпатник, патничко возило „форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.Р.(56) од Тетово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
На 25.07.2024 во 23.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Т.Д.(49) од Скопје пријавила дека на ул.„Воин Драшковци“ во Скопје била касната од куче скитник.