More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 21 Јули, 2023

    spot_img

    На 20.07.2023 на ул.„Караорман“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Д.Џ.(22) од Битола.

    Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од шест години и три месеци за сторени кривични дела по член 238, 242, 236 и 396 од Кривичниот законик. Д.Џ. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Прилеп за издржување на казната. Инаку, при лишувањето тој физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија за што ќе му биде поднесена соодветна пријава.

     На 21.07.2023 од 01.00 до 02.30 часот на паркинг простор зад угостителски објект во тетовско Жеровјане, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 33-годишниот А.Х. од Дебар, затоа што кај него биле пронајдени и одземени 42 пакувања кокаин. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

     Денеска (21.07.2023) во кругот на црквата „Св.Архангел Гаврил“ на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода З.К.(35) од Скопје. Тој бил фатен веднаш по извршување кривично дело тешка кражба во црквата, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и ќе бидат вратени. З.К. бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

     На 20.07.2023, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Ф.М.(32) од Скопје. Тој бил затекнат при извршување на разбојничка кражба на подрачјето на Кисела Вода, при што одзел велосипед. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Ф.М. бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода ќе поднесе соодветна пријава.

      На 20.07.2023, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Чаир извршиле службен разговор со Б.Д.(23) од Скопје, Ј.Р.(23) од Штип, со живеалиште во Радовиш и А.С.(19) од Штип. Тие се сомничат дека на 19.07.2023 извршиле тешка кражба при што од Б.З. одзеле предмети. Од нив биле одземени предмети поврзани со кривичното дело. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

     На 20.07.2023, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Г.К.(40) од Струмица. Тој се сомничи дека во текот на денот извршил тешка кражба, при што од возилото на Д.Н. одзел паричник. Кај него бил пронајден паричникот, а биле пронајдени и предмети кои потекнуваат од тешка кражба во здравствена установа во село Водоча, струмичко и тешка кражба, при што од Б.Ц. одзел личен предмет. Пронајдените предмети биле вратени на сопствениците, а лицето било задржано во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

     Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Ѓорче Петров расчистија кривично дело разбојништво извршено на 04.08.2022 во продажен објект на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје. Притоа, во врска со случајот на 05.08.2022 од слобода беа лишени Л.Ј., на кој му била одредена мерка притвор и Ш.И., кој бил вратен во казнено-поправна установа каде издржувал затворска казна. Додека, вчера од слобода бил лишен М.И.(19) од с.Крушопек, скопско и во неговиот дом бил извршен претрес со судска наредба. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.

     На 20.07.2023, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода расчистија кривично дело „тешка кражба“ извршена на 09.05.2023, при што на ул.„Пушкинова“ од возилото „хонда“ со српски национални ознаки, сопственост на Н.А.(57) од Скопје беа одземени регистарски таблички. Во врска со настанот, вчера, по консултација со јавен обвинител, во Казнено – поправната установа Затвор Скопје бил извршен службен разговор со Л.Д.(29) од Република Србија, кој издржува мерка притвор во установата. Имено, на 09.07.2023 при контрола во возило „ауди“ на граничниот премин Богородица, кое го управувал, биле пронајдени лица мигранти, а било констатирано дека регистарските таблички кои биле ставени на неговото возило припаѓаат на возилото на Н.А.. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

     На 20.07.2023 на ул.„8″ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода Е.Т.(25) и А.А.(31), двајцата од Битола, затоа што при извршен преглед, кај Е.Т. биле пронајдени и одземени марихуана, амфатемин, вага и други предмети. По документурање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

     На 20.07.2023 околу 15.15 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 31-годишниот тетовец Н.К. поради сомнение за негова инволвираност во „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. По целосно документирање на случајот на Н.К. ќе му биде изготвен соодветен поднесок. 

     Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 213 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 111 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се десет мерки за користење на мобилен телефон при возење и пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…

     Вчера (20.07.2023) во периодот од 12.00 до 18.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 81 возач. Од вкупно 81 возач, 59 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 22 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

     На 20.07.2023 во 20.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Дебарца“ во Прилеп, малолетник од Прилеп, управувајќи велосипед, изгубил контрола и удрил во ограда. Во несреќата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

     Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера (20.07.2023) од 12.00 до 18.00 часот спроведе акциска контрола за санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 70 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-58 и ГВ-12). Пет од прекршоците (ТЕ) биле за повеќе од 70 километри на час над дозволеното, а 26 (ТЕ) за 50 до 70 километри на час. Покрај ова, санкционирани се и 22 (ТЕ) прекршоци за движење на возила со поголема брзина од пропишаната во населено место, како и 2 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци. На возачите-прекршители изготвени им се поднесоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и тие ќе се соочат со парични глоби кои, зависно од големината на пречекорувањето, се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност. Оние кои биле значително пребрзи ги очекува и мерка времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година.

     На 20.07.2023 околу 02.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат во Струга, во близина на мост од реката Сатеска, Б.П.(43) од Охрид, управувајќи патничко возило „голф“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјална болница „Св.Еразмо“ во Охрид, додека со телесни повреди се здобил сопатникот Ј.Ѓ.(37). Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

     На 20.07.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 52 прекршоци, од кои 39 надвор од населено место и 13 во населено место. Санкционирани биле и 9 други видови на прекршоци. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img