МВР – Извадок на дел од дневните настани, 20 Септември, 2024

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На 19.09.2024 во 21.55 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.П.(30) од н.Илинден, Скопје. Тој се сомничи дека околу 21.30 часот во аптека во населба Ново Лисиче со закана со пиштол кон вработените одзел пари од дневниот промет. Пиштолот бил пронајден и одземен, а биле пронајдени и парите и биле вратени на сопственикот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.09.2024 во 21.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.М.(35) од Куманово затоа што кај него била пронајдена марихуана.  Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Денеска (20.09.2024) во 02.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.С.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.09.2024 во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.П.(24) и Д.К.(22), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветени поднесоци.

На 20.09.2024 во 00.00 часот на улица „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.А.(35) од Тетово затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 19.09.2024 во 22.50 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.О.(21) од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 19.09.2024 во 20.00 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија на дрога и оружје при СВР Штип го привеле В.И.(22) од Штип. При преглед во патничкото возило „мазда“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.09.2024 во 14.40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ј.И.(40) од с.Слатино, тетовско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена дробилка со остатоци од марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 19.09.2024 во 22.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош,  полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода У.Џ.К.(28) и М.С.(35), двајцата од Република Турција, затоа што при извршена проверка било констатирано дека двајцата го пречекориле престојот во државата, а притоа кај У.Џ.К. била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодвеетни поднесоци.

- Advertisement -
Ad image

На 19.09.2024 во 20.25 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на локален пат помеѓу селата Робово и Муртино, струмичко, Р.П.(36) од село Владевци, струмичко, управувајќи мотоцикл „јамаха“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

На 19.09.2024 во 13.30 часот во Полициската станица Центар, Х.Л.(22) од Скопје пријавил дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 19.09.2024 околу 14.30 часот во Полициското одделение Петровец, Д.Ј.(83) од Скопје пријавил дека во с.Катланово бил каснат од куче скитник.

- Advertisement -
Ad image

Денеска (20.09.2024) во 00.50 часот во Полициската станица Центар, Н.Н.(37) од Скопје пријавил дека на ул.„Живко Чинго“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Share This Article