На 15.03.2023 во 13.45 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Р.(24) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Бит Пазар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и засадено растение канабис. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 15.03.2023 полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.С.(30) од Велес. Тој се сомничи дека со подесен алат влегол во објект на правно лице на ул.„Алексо Дамниевски Бауман”, одзел повеќе предмети и демонтирал електрични инсталации. Лицето било приведено во Полициската станица во Велес и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветна пријава.
Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р.(27) од Куманово. Тој се сомничи дека изминатиот месец извршил пет кражби од приватни имоти. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Полициски службеници на СВР Тетово на 15.03.2023 околу 23.55 часот, на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, ги лишиле од слобода М.К.(31) од Кратово и Т.Д.(22) од Скопје, затоа што им биле пронајдени и одземени кокаин и марихуана. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
На 15.03.2023 во 13.30 часот на подрачјето на Карпош, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 15.03.2023 околу 13.10 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 23-годишниот тетовец Д.Л. кај кого била пронајдена и одземена марихуана и на кого ќе му биде изготвен поднесок.
На 15.03.2023 во 17.40 часот на подрачјето на Карпош, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен малолетник од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени марихуана и палка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Денеска (16.03.2023) во полициска станица при СВР Скопје бил извршен службен разговор со В.А., поради наведени податоци дека гимназијалец бил отруен со дрога ставена во пијалак, во објавен статус на социјалната мрежа Фејсбук, а со цел да се обезбедат евентуални дополнителни податоци во врска со случајот кои лицето може да ги има. В.А. во разговорот појаснила дека нема информација за таков настан, туку дека слушнала муабети од деца, а кога новинари телефонски ја повикале да поразговараат на темата, тогаш сфатила дека направила грешка и го избришала статусот. Во врска со случајот од страна на СВР Скопје ќе биде известено Основното јавно обвинителство Скопје, со цел добивање насоки за понатамошни мерки и активности.
На 15.03.2023 во 18.40 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром“ – Скопје при извршена пасошка контрола на А.К.(33) од Швајцарија било констатирано дека го пречекорил дозволениот туристички престој во државата. Тој бил приведен и задржан за понатамошна постапка.
Во текот на вчерашниот ден (15.03.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 156 возачи. Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 105 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 51 надвор од населено место.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (15.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 172 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест мерки за некористење сигурносен појас…
Во текот на вчерашниот ден (15.03.2023), во периодот од 12.00 до 16.00 часот, на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици. При контролата констатирани се 55 сообраќајни прекршоци, од кои шест за користење мобилен телефон при возење, четири за нерегистрирано возило, а на вонреден технички преглед било упатено 21 возило.
Полициски службеници од СВР Тетово во вчерашната акциска контрола (15.03.2023) реализирана од 14.00 до 20.00 часот, вкупно откриле и законски санкционирале 11 технички неисправни возила (ТЕ-6 и ГВ-5). Десет од нив имале неисправни сопирачки (ТЕ-6 и ГВ-4), а 1 (ГВ) неисправни други уреди и системи. Покрај ова, со соодветни поднесоци биле санкционирани и 4 возачи кои ги управувале возилата без положен возачки испит, 1 возач-почетник (ТЕ) кој не се придржувал на законски предвидените ограничувања за оваа категорија учесници во сообраќајот, 6 возачи (ТЕ-5 и ГВ-1) со важечка забрана за управување, 3 возачи (ТЕ) кои не носеле возачка дозвола и 1 (ТЕ) кој го управувал возилото под дејство на алкохол. Во контролата, исто така, биле констатирани и санкционирани и 8 (ГВ) други видови сообраќајни прекршоци.
На 15.03.2023 година во 20.00 часот во Прилеп, на бул.„Гоце Делчев“ со ул.„Ристо Секирчанец“, товарно возило „фиат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Љ.И. (61) удрило во пешакот В.Н. (64) од Прилеп. Во несреќата В.Н. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница – Прилеп. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.
На 15.03.2023 во 10.45 часот во Полициската станица Аеродром, Ѓ.Ј.(67) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.
На 15.03.2023 во 17.25 часот во Полициската станица Карпош, Т.Ш.(26) од Скопје пријавила дека на бул.„8 Септември“ била касната од куче скитник.
На 15.03.2023 во 17.15 часот во Полициското одделение Мирковци, С.С.(77) од с.Глуво, скопско, пријавил дека на место викано Орашец, атар на с.Глуво, бил каснат од куче.