На 12.03.2024 во 03.30 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода Ј.К.(63) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, во дворот биле пронајдени и одземени неколку пакувања со бела прашкаста материја. Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.03.2024 во 13.10 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје ја лишиле од слобода Н.С.(51) од Тетово, со престој во Скопје. При претрес во нејзиниот дом, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. Таа била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера (12 март) околу 15 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар го привеле 35-годишниот гостиварец С.С., кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од 14 месеци. Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Идризово во Скопје за издржување на казната.
Вчера (12.03.2024) околу 17.30 часот на регионалниот пат Тетово – Скопје, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода: А.К.(23), Б.Н.(27), Н.К.(37) и И.К.(38), сите од Тетово, и малолетник од Куманово. Тие биле затекнати при извршување кражба, при што одзеле повеќе предмети сопственост на ЈП „Македонија пат“. Одземеното било вратено на „Македонија пат“, а лицата се задржани во Полициската станица Тетово. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера (12 март) околу 17.30 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар го лишиле од слобода Џ.А.(64) од Виница. Тој се сомничи дека претходно во трговски објект на истата улица одзел повеќе предмети. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
На 12.03.2024 во 13.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Р.(19) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.03.2024 во 16.10 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Е.Н.(30) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.03.2023 на ул.„Генерал Михајло Апостолски“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Штип ги привеле С.К.(20), А.Ј.(19) и А.В.(20), тројцата од Штип, затоа што кај нив била пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 12.03.2024 во 07.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, локален пат кон с.Клечовце и локален пат кон с.Макреш, општина Старо Нагоричане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(53) од с.Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(42) од с.Долно Соње, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.С., а со телесни повреди се здобил И.Б., констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
На 12.03.2024 во 18.40 часот во Полициската станица Аеродром, Љ.К.(72) од Скопје пријавил дека во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром бил каснат од куче скитник.
На 12.03.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Карпош, Е.Н.(70) од Скопје пријавила дека во населбата Влае во Скопје била касната од куче скитник.
Денеска (13.03.2024) во 07.15 часот во Полициската станица Центар, Б.Б.(64) од Скопје пријавил дека на ул.„Периша Савелиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.