More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани, 11 Октомври, 2023

    spot_img

    Денеска (11.10.2023) од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во с. Страчинци кај Т.Ф.(32). При претресот пронајдени и одземени се бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, дигитала вага, две рамки од автоматска пушка, една пушка, 399 куршуми, еден пиштол со рамка, една ловна пушка, 13 ловни патрони, еден панцирен елек, мобилни телефони, 26160 евра и 698580 денари. Се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.

     На 11.10.2023 во 01.45 часот во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода А.Х.(31) од тетовско затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 11.10.2023 во 01.40 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници го лишиле од слобода В.С.(46) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 11.10.2023 во 00.05 часот во Тетово, полициски службеници ги лишиле од слобода М.Е.(18) и двајца малолетници, сите од Тетово, затоа што кај М.Е. била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 10.10.2023 во 21.40 часот во близина на угостителски објект на подрачјето на Аеродром, полициски службеници лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 10.10.2023 во 20.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Д.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 10.10.2023 во 17.45 часот во Битола, полициски службеници ги лишиле од слобода К.Ј.(36) и К.К.(41), двајцата од Битола, затоа што кај К.Ј. била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 10.10.2023 во 15.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода Б.П.(42) од Велес затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја и таблети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 10.10.2023 во 16.00 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници го лишиле од слобода Б.П.(34) од Кратово затоа што при пасошка контрола и гранични проверки било констатирано дека евидира на стоп листа по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик. Исто така, при преглед кај него биле пронајдени и одземени фалсификувана хрватска лична карта на друго со негова слика, рачна дробилка и прашкаста материја. Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

     Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 184 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при возење…

     На 11.10.2023 04.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Козле“ и ул.„Војвода Васил Чакаларов“, М.Л.(18) од Скопје, управувајќи мопед „пјаџо“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. По несреќата, возачот  М.Л. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

     На 10.10.2023 околу 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од регионален пат Скопје-Велес, регионален пат 1106 и ул.„5“ во с.Јурумлери се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(35) од Кочани и мопед „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Н.(21) од Скопје. По несреќата возачот А.Н. бил пренесен во Комплекс клиники  „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

     На 10.10.2023 околу 19.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово, мопед „априлиа“ удрил во пешакот Т.С.(44) од Куманово, по што го напуштил местото. По несреќата, Т.С. бил пренесен во Општа болница Куманово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

     На 10.10.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, З.М.(88) од Скопје пријавил дека на ул.„Димо Хаџи Димов“ бил каснат од куче скитник.

     На 10.10.2023 во 12.10 часот во Полициската станица Аеродром, Н.К.(29) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.

     На 10.10.2023 во 12.30 часот во Полициската станица Карпош, Т.Н.(79) од Скопје пријавила дека на бул.„Партизански одреди“ била касната од куче скитник. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img