На 10.04.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршиле претреси на повеќе локации во Битола и прегледи на повеќе лица, при што биле пронајдени хероин, марихуана и други предмети. При претрес со судска наредба во домот на Л.Н.(39) од Битола биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка со остатоци од марихуана и други предмети. При претрес во дом и други простории кои ги користи О.П.(44) од Битола, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат и се поврзани со кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. При преглед на П.П.(40) од Битола бил пронајден и одземен хероин, додека при преглед кај О.Д.(37) од Битола, исто така, бил пронајден и одземен хероин, а со него биле затекнати и Г.С.(20) од Битола и Ф.О.(36) од Ресен. Сите лица биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.
На 10.04.2023, поолициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Р.(20) од Куманово. Тој бил затекнат при извршување кражба во двор од куќа сопственост на В.Ц.(84) од Куманово, во населба „Стари лозја“, при што одзел неколку предмети. Одземените предмети биле вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полициски службеници на СВР Тетово вчера (10.04.2023) околу 16.15 часот во Тетово го лишиле од слобода 27-годишниот тетовец Е.И.. Тој се сомничи дека на 09/10.04.2023 извршил две разбојништва и еден обид за разбојништво во казина во Тетово. Заканувајќи им се на вработените со остар и тврд предмет, тој одзел извесна сума парични средства. Со соодветен поднесок со кој ќе бидат опфатени трите сторени кривични дела, тој денеска (11.04.2023), во координација со Јавен обвинител ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.
На 10.04.2023 во 22.00 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Н.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 10.04.2023 во 15.00 часот на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари го лишиле од слобода М.К.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Во текот на вчерашниот ден (10.04.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 217 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 132 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 85 надвор од населено место.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за непрописно престројување на возила. Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон при возење, 11 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
На 10.04.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 7 прекршоци, од кои 2 надвор од населено место и 5 во населено место. Истиот ден, во периодот од 09.00 до 14.00 часот, била спроведена акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници. За време на контролата 30 возила биле упатени во станица за технички преглед на возила. Притоа биле санкционирани 4 прекршоци, од кои 3 за неисправен уред за запирање и 1 за неизвршен вонреден технички преглед. Санкционирани биле и 16 други видови на прекршоци, од кои 6 за управување возило без возачка дозвола, 1 за возач почетник, 1 за управување возило под дејтво на алкохол, 3 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон, 2 за непрописно престројување и 2 за непрописно паркирање.
На 10.04.2023 во 17.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Бардовци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота ајго“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ц.П.(49) од Маврово и патничко возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.П.(44) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.П., а со телесни повреди се здобил З.П., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 10.04.2023 во 20.00 часот било пријавено дека во Прилеп, на ул. „Цар Самоил“, патничко возило „југо темпо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(72) од Прилеп удрило во В.А.(78) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.А., констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
На 10.04.2023 во 11.15 часот во Полициската станица Карпош, М.Б.(50) од Скопје пријавила на бул.„Илинден“ била касната од куче скитник.
На 10.04.2023 во 15.30 часот во Полициската станица Карпош, Т.Ѓ.Б.(45) од Скопје пријавила дека на ул.„Никола Русински“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 10.04.2023 во 12.00 часот, Л.Д.(46) од Струга во полициска станица пријавил дека на ул. „Разме Малески“ во Струга неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.