More

    Министерот Лога „ифрит“ му се налути на Судскиот совет

    spot_img

    „Судскиот совет наместо да делува законски и да презема дејствија против незаконските постапувања на одредени судии и претседатели на судови, цело време неодговорно се брани со јавна покана за учество на министерот на седници, каде тој не може да присуствува заради препораките на ГРЕКО и законот“ – напиша министерот за правда Кренер Лога на Фејсбук.

    „Сите овие месеци откако ја презедов одговорноста да бидам носител на функцијата министер за правда, од нив имам побарано само да го почитуваат законот и ништо друго. Во јавноста се силат дека се конструктивни, а во позадина чуваат предмети за да застарат.

    Не може одговорен орган да има двојни аршини, за некој морков а за друг стап за доделување моќ!

    Одредени членови на Судски совет се свесни дека е време да си заминат дома, а исто така е дојдено време и да одговораат за сите преземени дејствија во минатото што ќе биде санкционирано со новите измени на законот. Одговорност мора да има и ќе има. Законот над сè и пред сè.

    Имаат храброст да му се спротистават на министерот, а немаат грам храброст кога истите ставови се кажуваат и од меѓународните претставници. Пoчитувани, одредени членови на Судски совет: Лицемерие не е вредност!“ – напиша министерот Лога.

    Лога реплицираше на соопштение на Судскиот совет, во кое Советот „изразува искрено уверување дека на министерот му се добро познати одредбите од Законот за Судски совет, особено членовите 33 и 61“. Советот вака одговори на барањето на Лога, поради конфликт на интереси Судскиот совет да го изземе членот Лорета Ѓорѓиева од Комисијата на известители, откако за неа било поднесено барање за утврдување на одговорност за судија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img