На 05.10.2023 во 18.15 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Е.И.(21) од Шуто Оризари – Скопје. Тој се сомничи дека претходно одзел едно моторно возило и извршил тешка кражба во куќа во Струмица, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени возилото и одземените предмети и биле вратени на сопствениците. Е.И. бил задржан во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.10.2023 во 18.00 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово. Тој се сомничи дека извршил „тешка кражба“ во угостителски објект на улица „Маршал Тито“ во Тетово, при што одзел повеќе предмети. Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот А.С.(34) од Тетово. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.10.2023 околу 17.00 часот на железничкиот премин на регионалниот пат с.Миравци-с.Давидово, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода П.Р.(40) од Скопје затоа што во возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки превезувал шест лица мигранти од Сирија. Имено, претходно, на клучка Гевгелија на автопатот А1, полициски службеници дале знак за запирање, но возилото продолжило со движење и се исклучило на регионалниот пат с.Миравци-с.Давидово, каде што удрило во столб, по што застанало. При преглед во возилото биле пронајдени мигрантите, а возачот П.Р. бил фатен и лишен од слобода. Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатниот центар за странци во Скопје. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против П.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.
По преземени мерки и активности, Секторот за внатрешни работи Тетово расчисти шест кражби на велосипеди и електрични тротинети во Тетово, извршени од јануари 2023 година досега. Поради сомнение дека ги извршил кражбите, на 04.10.2023 околу 14.00 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово од слобода бил лишен 19-годишниот А.Г. од Скопје. Тој бил задржан во Полициска станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава
На 05.10.2023 на патот кон с.Волково, прилепско, полициски службеници од СВР Битола -ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Т.М.(22), Д.М.(21), О.П.(22) и М.Г.(22), сите од Прилеп, затоа што при преглед на патничко возило „ауди а3“ со прилепски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана. Лицата билее приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 06.10.2023 во 00.20 часот во кичевската населба Крушино, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода А.М.(31) од кичевското село Лисичани и А.Е.(34) од селото Преглово, општина Пласница затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.
На 05.10.2023 во 21.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода К.Д.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.10.2023 во 14.50 часот на улица „Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го привеле А.З.(22) од Република Албанија затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во текот на месец септември 2023 година спроведени беа сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 983 возачи. Од нив, 587 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 207 возеле без возачка дозвола, 23 мотоцикли биле одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава…
Во текот на изминатата недела, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 335 возачи, од кои 202 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 72 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 49 за управување возило без возачка дозвола и 12 за нерегистрирано возило.
Во текот на вчерашниот ден (05.10.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 188 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 108 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 80 надвор од населено место.
Во текот на вчерашниот ден (05.10.2023) во периодот од 17.00 до 21.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на Тетово, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 64 возачи, од кои 13 за возење без возачка дозвола, шест за измината важност на сообраќајната дозвола, седум возачи биле без лекарско уверение при вршење на јавен превоз, двајца за непрописно вградени фолии (затемнети стакла)… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Во периодот од 01.09.2023 до 30.09.2023 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. При контролата санкционирани се 136 учесници во сообраќајот, од кои 133 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и три санкции за неовластено вградување и користење за уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
На 05.10.2023 во 22.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Баница, струмичко, И.К.(22) од село Баница, управувајќи патничко волзило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во ограда. По несреќата, И.К. го напуштил местото, а сопатникот К.Ѓ.(29) од Струмица бил пренесен во Медицински центар Струмица каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По преземени мерки, во 23.50 часот возачот бил пронајден и пренесен во Медицински центар Струмица, каде што, исто така, му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.
На 05.10.2023 во 15.50 часот во Полициската станица Центар, В.Д.(18) од Скопје пријавил дека на бул.„Кочо Рацин“ бил каснат од куче скитник.
На 05.10.2023 во 19.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, Б.К.(84) од Скопје пријавила дека на ул.„Марко Орешковиќ“ била касната од куче скитник.
На 05.10.2023 во 15.40 часот во Полициската станица Гази Баба, Ј.Г.(50) од Скопје пријавила дека на ул.„Палмиро Тољати“ била касната од куче скитник.