More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани, 05 Април, 2024

    spot_img

    На 05.04.2024 во 02.30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода  Е.Б.(34) и О.М.(29), двајцата од Прилеп. Тие биле фатени при извршување на „тешка кражба“ во куќа во Прилеп, при што кај нив биле пронајдени украдените предмети и ќе бидат вратени на сопственикот. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

     На 04.04.2024 во 09.50 часот во близина на индустриска зона во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го привеле Е.И.(30) од Штип, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд во Штип за издржување затворска казна од шест месеци за сторени повеќе кривични дела „кражби“ и „тешки кражби“. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за издржување на казната.

     На 04.04.2024 во 23.25 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Ј.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 04.04.2024 во 12.00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.С.(36) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 04.04.2024 во 17.50 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.З.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди  при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластување и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против М.И. и К.С., полициски службеници во Полициската станица за граничен премин Долно Блаце при Регионалниот центар за гранични работи Север поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в oд Кривичниот законик. На 31.01.2024 и 05.02.2024 првопријавениот М.И. евидентирал лица државјани на Република Турција кои не оствариле влез на граничниот премин и кои воопшто не биле присутни на граничниот премин во тие денови. Второпријавениот К.С., раководител на смена, не извршил должен надзор врз работата на првопријавениот и на тој начин им овозможиле на лицата да го регулираат престојот во државата и покрај тоа што како странци го пречекориле дозволениот период за престој согласно законските прописи. Одделот  за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди  ќе  поднесе предлог  за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки именуваните да бидат отстранети од работното место и од министерството до завршување на дисциплинската постапка.

     На 04.04.2024 во 18.30 часот на автобуската станица во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода П.Т.(34) од Велес затоа што кај него биле пронајдени и одземени кокаин и хероин. П.Т. бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

     На 04.04.2024 во 22.45 часот на Граничен премин Јажинце, полициски службеници ги привеле М.З.(46) и А.Х.(37), двајцата од Република Албанија, затоа што при гранични проверки и контрола било констатирано дека имале непријавен и пречекорен престој во државата. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Тетово за понатамошна постапка.

     На 04.04.2024 во 10.10 часот во ОВР Струга било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Струга – Дебар со локалниот пат за струшкото село Ташмаруништа се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возила „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Л.С.(64) од дебарското село Мал Папрадник и патничко возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.М.(65) од Скопје. Во несреќата, со тешки телесни повреди,  констатирани во Општата болница во Струга, се здобила Д.А.(74) од дебарското село Папрадник, сопатничка во возило„голф“, додека со телесни повреди, констатирани Општата болница во Струга, се здобила  М.И.(52) од дебарското село Бајрамовци, сопатничка во истото возило. Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.

     На 04.04.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица од ул.„Симеон Кавракиров“ во Скопје, која води кон паркинг простор на зграда, патничко  возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Р.(20) од Скопје, удрило во Ц.Н.(89) од с.Блаце, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Н. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

     На 04.04.2024 во 13.20 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на локалниот пат од крстосница А-3 до с.Каратманово, општина Лозово, патничко возило „форд“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(76) од с.Лозово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Општа болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.

     На 04.04.2024 во 12.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово, патничко возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Т.Ж.(64) од Куманово, удрило во малолетничка-пешак од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

     На 04.04.2024 во 12.30 часот во Полициската станица Велес, С.Ј.(60) од Велес пријавила дека на улица „Архиепископ Михаил“ во Велес била касната од куче скитник.

     На 04.04.2024 во 20.40 часот во Полициската станица Карпош, С.К.(38) од Скопје пријавила дека на ул.„Анкарска“ била касната од куче скитник. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img