Денеска (03.07.2024), полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Х.Х.(33) од тетовски Порој. Имено, во периодот од 07.30 до 08.30 часот, по претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Х.Х., при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и хашиш. Х.Х. е приведен и задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (03.07.2024) во 01.20 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија на дрога и оружје при СВР Штип ја лишиле од слобода В.Ј.(20) од с.Радање, oпштина Карбинци, поради тоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.07.2024 во 20.40 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија на дрога и оружје од СВР Штип го лишиле од слобода С.А.(26) од Кочани, а со престој во Штип, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (02.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 146 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15 санкции, три мерки за користење на мобилен телефон при управување со возило, четири мерки за некористење на сигурносен појас, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло. Изречени се 43 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, пет мерки за нерегистрирани возила.
Во рамките на континуираните активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедност на сообраќајот, вчера (02.07.2024) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е акциска контрола за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. При контролата биле откриени и санкционирани 33 прекршоци (ТЕ-28 и ГВ-05), од кои најголемиот дел биле за некористење на заштитен шлем-кацига, 23 (ТЕ-18 и ГВ-5), 5 (ТЕ-3) за управување без возачка дозвола, 3 (ТЕ) за изминат рок на осигурителна полиса, 1 (ГВ) за нерегистриран мотоцикл. Против возачите биле поднесени соодветни поднесоци, а при контролата биле констатирани и санкционирани 14 (ТЕ-11 и ГВ-3) останати сообраќајни прекршоци.
Денеска (03.07.2024) во 01.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Лески“ во Штип патничко возило „цитроен ц3“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(18) од Штип, излетало од коловозот и удрило во заштитна ограда, па во паркирано патничко возило „волво“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на правно лице. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Б.Д.(18) од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Денеска (03.07.2024) во 00.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот од клучка Гевгелија кон Граничниот премин Богородица се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(35) од с.Селемли, општина Богданци и товарно возило „ивеко“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.А.(26) од с.Стојаково, општина Богданци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Ј., кој на пат кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ им подлегнал на повредите, а лекар констатирал смрт. С.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.
На 02.07.2024 во 20.45 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, А.Ј.(27) од с.Волково, скопско, пријавил дека на ул.„Шар планина“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 02.07.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Драчево, Д.А.(57) од с.Студеничани, скопско, пријавил дека на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје бил каснат од куче скитник.