More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани, 02 Мај, 2024

    spot_img

    На 01.05.2024 во 18.45 часот во Тетово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода А.Т.(35) од с.Мала Речица, тетовско. При претрес во домот кој го користи под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени саксии со насади од растението канабис, шишиња исполнети со течност и други предмети поврзани со делото. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.   

     На 01.05.2024, со наредба од Основен суд Велес, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес извршиле претрес во домот на К.Г.(64) од село Мартолци, општина Чашка. При претресот биле пронајдени и одземени ловечка пушка и ловечки патрони, кои ги поседувал без дозвола. Со К.Г. бил извршен службен разговор и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

     На 01.05.2024 во 14.30 часот на ул.„Драгорска“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Џ.Б.(52) од Битола. Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Прилеп, поради бегство од установата. Лицето било спроведено во установата за доиздржување на осумгодишната затворска казна.

     На 01.05.2024 во 10.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.П.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 01.05.2024 во 20.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(32) од Република Турција, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     Денеска (02.05.2024) во 02.45 часот во угостителски објект во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Р.Р.(20) од Република Црна Горазатоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 01.05.2024 во 21.40 часот во тетовско Желино, полициски службеници од Полициско одделение Групчин ги лишиле од слобода Д.К.(26) и Ј.Т.(23), двајцата од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и против нив ќе следува соодветен поднесок.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (01.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 53 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, три мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас, 10 за брзо возење…

     Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (01.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола изречени се вкупно 34 мерки за возење под дејство на алкохол, и тоа: 15 на подрачје на Битола, 11 на подрачје на Ресен, 3 во Македонски Брод, по 2 мерки во Прилеп и Крушево и 1 мерка на подрачје на Демир Хисар.

     На 02.05.2024 во 00.15 часот во СВР Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Н.(56) од Струмица, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ж.А., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

     На 01.05.2024 во 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – с.Јажинце, на влез за тетовско Теарце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ш.Џ.(74) од тетовско Шемшово и  патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(78) од тетовско Пршовце, двете со тетовски регистарски ознаки. Во несреќата, А.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ш.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

     На 01.05.2024 во 15.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека од шумски земјен пат во атар на село Галичник, на место викано „Горно стопанче“, излетал четирицикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Л.(22) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Ц.(23) од Скопје, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница „8 Септември“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

     На 01.05.2024 во 20.40 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на локалниот пат Кочани – брана Гратче, кај место викано ,,Гоцева шума“, мопед со штипски регистарски ознаки, управуван од В.П.(56) од Кочани, излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.П., констатирани во Општа болница Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

     На 01.05.2024 во 16.50 часот во Полициската станица Аеродром, А.А.(20) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје била касната од куче скитник.

     На 01.05.2024 во 20.50 часот  во Полициската станица Аеродром, Б.П.(48) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

     На 01.05.2024 во 12.20 часот во Полициската станица Карпош, Б.Ј.(81) од Скопје пријавил дека на бул.„8 Септември“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img