More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани, 02 Февруари, 2024

    spot_img

    На 01.02.2024 околу 21.25 часот на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода гостиварците Р.А.(23), Б.Б.(21) и Х.С.(22) затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 01.02.2024 во 17.00 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници ги лишиле од слобода А.М.(22) од Република Албанија и В.С.(21) од Сојузна Република Германија. При извршена гранична контрола и проверка било констатирано дека возилото „мерцедес“ со германски национални ознаки, кое го управувал А.М., а сопатничка била В.С., евидирало во базата на Интерпол како украдено. Тие биле задржани во полициска станица, а возилото било одземено за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Во текот на вчерашниот ден (01.02.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 224 возачи. Од нив, пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 103 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 121 надвор од населено место.

    Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.02.2024) продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои 16 санкции за непочитување на брзината на движење, 15 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за поминување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, четири санкции за управување под дејство на алкохол…

    Во периодот од 01.01.2024 до 31.01.2024 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 106 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

    На 01.02.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Ленинова“ и ул.„Наум Наумовски Борче“ во Скопје, патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(50) од Скопје, удрило во пешакот В.М.(80) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.М. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 01.02.2024 во 15.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.К.(54) од Скопје пријавил дека на ул.„Лука Геров“ бил каснат од куче скитник.

    На 01.02.2024 во 23.15 часот во Полициската станица Центар, Р.М.(39) од Скопје пријавил дека на кеј„13 Ноември“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

    На 01.02.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Чаир, Г.С.(58) од Скопје пријавил дека на ул.„Радишанска“ бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img