More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани, 01 Февруари, 2024

    spot_img

    На 31.01.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.К.(39) од Битола. При претрес во домот и просториите, кои ги користи, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети со остатоци од прашкаста материја, додека при претрес во неговото патничко моторно возило било пронајдено пакување со грутчеста материја. А.К. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

    Ноќеска (1 февруари) околу 02.45 часот на улица „ЈНА“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово, кој претходно од паркинг на улица „Димо Гавровски-Кара“ во Тетово, противправно одзел патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на 57-годишниот Н.Е. од тетовска Стримница. Возилото е пронајдено на улица „Мирче Ацев“ во Тетово, извршен е увид и вратено му е на сопственикот. Кај малолетникот, исто така, биле пронајдени и одземени и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршени кражби. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок.

    Вчера (31 јануари) околу 19.20 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар го лишиле од слобода 18-годишниот И.С. од гостиварско Страјане, а во 21 часот и 30 минути во гостиварско Падалиште го лишиле од слобода и 18-годишниот К.С. од ова село. Двајцата се сомничат дека во текот на минатиот месец на гостиварското подрачје извршиле кражби во куќи, локали и моторни возила. Тие се задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

    На 31.01.2024 во 21.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.С.(19) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 31.01.2024 во 20.20 часот на ул.„Кочо Рацин” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Б.А.(20) од Битола, В.Ј.(23) од с.Дихово, Г.Р.(20) од Битола и еден малолетник од Битола. При преглед кај нив, кај Б.А. била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

    Во текот на вчерашниот ден (31.01.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 190 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 90 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 100 надвор од населено место.

    Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.01.2024) продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои 25 санкции за непочитување на брзината на движење, 14 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за поминување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за користење на мобилен телефон при возење…

    На 31.01.2024 вo 08.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Дрезденска“ со ул.„Багдатска“ во Скопје, патничко моторно возило „џип“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(74) од Скопје, удрило во пешакот В.П.(68) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.П. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 31.01.2024 во 13.15 часот во Полициската станица Гази Баба, С.К.(59) од Скопје пријавила дека на ул.„519“ во населбата Ќерамидница во Скопје била касната од куче скитник.

    На 31.01.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Велес, Д.П.(59) од Велес пријавила дека на улица „Невена Ѓеорѓиева Дуња“ во Велес била касната од куче скитник.

    На 31.01.2024 во 16.00 часот во Полициската станица Велес, А.П.(44) од Велес пријавила дека на улица „Андон Шурков“ во Велес била касната од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img