Денеска (30.11.2023), полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.Ј.(45), А.Б.(21) и Ф.Б.(26), сите од Скопје. При претрес во домот на Е.Ј. на подрачјето на Шуто Оризари, извршен со судска наредба, во кој биле затекнати А.Б. и Ф.Б., биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од марихуана, дробилка со остатоци од марихуана и пари во различни валути и апоени. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Денеска (30 ноември) во СВР Тетово е извршен службен разговор со 23-годишниот Б.Л. од тетовска Мала Речица, кој е второто лице осомничено за симнување на знамето на Македонската православна црква-Охридска архиепископија од јарболот на манастирот „Свети Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка и поставување на знамето на Република Албанија. По документирање на случајот и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 29.11.2023 околу 20.30 часот на регионалниот пат Струга -Дебар, кај место викано „Суво поле“, полициски службеници од Полициското одделение Велешта ги лишиле од слобода В.К.(45) и У.Б.(48), двајцата од Дебар. На наведеното место, полициски службеници дале знак за запирање на возило „бмв“ со дебарски регистарски ознаки, кое го управувал В.К., а сопатник бил У.Б., но возилото продолжило со движење. Набргу, возилото било запрено и при преглед во него била пронајдена и одземена марихуана. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.11.2023 околу 15.00 часот во тетовски Дреновец, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 50-годишниот тетовец С.А., затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 29.11.2023 околу 22.00 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода К.Е.(21), Д.Е.(21) и И.С.(21), тројцата од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. Тие се задржани во Полициската станица Тетово за документирање на случајот и ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
На 29.11.2023 во 14.30 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го лишиле од слобода А.Б.(19), со шведска патна исправа, затоа што при извршена проверка било констатирано дека во службената евиденција е со мерка „апси“, по барање на Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.
На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера (29.11.2023) од 08.00 до 12.00 часот спроведена е акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси и комбиња. При контролата откриени и законски санкционирани биле 11 технички неисправни возила (ТЕ-6 и ГВ-5). Седум од нив имале неисправни сопирачки (ТЕ-5 и ГВ-2), 2 (ТЕ) неисправни светлосни уреди, 1 (ТЕ) бил со истечена регистрација и 1 (ГВ) со неизвршен технички преглед. Сите технички неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај и на возачите и правните и одговорните лица изготвени им се соодветни поднесоци. Глобите за техничка неисправност се движат од 120 до 400 денари во денарска противвредност. При контролата, исто така, со адекватни поднесоци заокружени се и 5 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-4 и ГВ-1).
На 29.11.2023 во 10.00 часот во Полициската станица Центар, С.С.(53) од Скопје пријавил дека на Плоштад „Македонија“ бил каснат од куче скитник.
На 29.11.2023 во 17.35 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на ул.„22 Декември“ во Дебар, патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Н.(61) од с.Чајле, гостиварско, удрило во пешакот А.В.(63) од Дебар. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани ви Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Дебар.
На 29.11.2023 во 14.00 часот во Полициската станица Центар, Ј.М.(32) од Скопје пријавил дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил каснат од куче скитник.
На 29.11.2023 во 07.25 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на локалниот пат за село Горно Косоврасти, дебарско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген кенди“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од И.М.(27) од Дебар и патничко возило „фолксваген поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од К.К.(53) од село Горно Косоврасти, дебарско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Р.(37) од село Горно Косоврасти, сопатник во возилото „поло“, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Дебар.
На 29.11.2023 во 16.50 часот во Полициската станица Аеродром, М.К.(37) од Скопје пријавила дека во близина на Железничка станица во Скопје била касната од куче скитник.