More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани, 30.09. 2024

    spot_img

    Денеска (30.09.2024) во 01.10 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.С.(42) од село Студеничани, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 29.09.2024 во 21.05 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 29.09.2024 во 19.30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.П.(34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 29.09.2024 во 21.40 часот во Скопје на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(29) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 29.09.2024 во 20.20 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир,  полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.Љ.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 29.09.2024 во 15.35 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.Р.(25) и К.К.(36) двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

    На 29.09.2024 во 18.20 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Т.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 29.09.2024 во 16.40 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го привеле К.Л.(22) од Косово, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека истиот го пречекорил дозволениот престој во државата. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.

    На 29.09.2024 во 16.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локален пат во с.Липково, кумановско, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Џ.(28), удрило во велосипед управуван од малолетник, двајцата од с.Липково. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

    На 29.09.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Гевгелија С.Р.(48) од Гевгелија, додека управувал мотоцикл „хонда“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклот, констатирани во Здравствен дом Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.

    На 29.09.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Аеродром, Б.Г.(29) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

    На 29.09.2024 во 12.35 часот во СВР Тетово било пријавено дека Б.М. (19) од с.Волковија, тетовско, во с.Стенче, тетовско, кај местото  викано Стенечки мост на реката Вардар,  додека бил на риболов, од реката извлекол торба во која имало седум тромблонски мини. Известен е јавен обвинител, а од страна на екипа на МВР тие се безбедно подигнати.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img