More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани, 29.09. 2023

    spot_img

    На 28.09.2023 во 11.00 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Е.Б.(21) од Радовиш. Тој се сомничи дека во текот на овој месец извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“, „кражба“ и „одземање на моторно возило“ на подрачјата на Радовиш и Струмица. Во службениот разговор во полициска станица, тој признал дека извршил една „тешка кражба“, една „кражба“ и дека одзел едно моторно возило на подрачје на Радовиш, како и една „кражба“ и едно одземање на моторно возило на подрачје на Струмица. Кај него биле пронајдени возило и други предмети, кои ќе бидат вратени на сопствениците. Е.Б. бил задржан во полициска станица, запознаен е јавен обвинител и по целосно документирање на настаните против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 28.09.2023 во Полициската станица Радовиш е задржан С.Р.(21) од Радовиш, кој бил лишен од слобода на подрачје на Охрид, по барање и телеграма на Полициската станица Радовиш. Тој се сомничи дека во текот на 2023 година извршил повеќе кривични дела на подрачјето на Радовиш. Во службениот разговор во полициска станица, тој признал дека извршил девет кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“. За преземените мерки е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по целосно документирање на случаите против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 28.09.2023 во 12.00 часот во Полициското одделение Ранковце бил извршен службен разговор со С.Л.(30) од с.Ранковце. Тој се сомничи дека во периодот од 24 до 26.09.2023 на место викано „Бела бука“ помеѓу с.Герман и с.Нерав одзел седум кубни метри огревно дрво, сопственост на М.Д. од Куманово. По преземени мерки, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка и Полициското одделение Ранковце дрвата биле пронајдени на две локации во селата Отошница и Радибуш и биле вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против С.Л. ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Денеска (29.09.2023) во 02.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Г.(23) и В.Д.(22), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 28.09.2023 во 11.10 часот на ул.„Круме Угриноски“ во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода М.Г(41) од Кичево. При преглед во возилото „сеат“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 28.09.2023 од ул.„28“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола ги лишиле од слобода П.Д.(36) и К.С.(41), двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај П.Д. била пронајдена и одземена грутчеста материја. Лицата биле приведени во полициска станица Битола и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 28.09.2023 во 21.40 часот на ул.„Рудничка“ во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Д.Н.(46) од Кичево, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 28.09.2023 во 20.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници ги лишиле од слобода Е.Т.(42), О.Е.(33), А.Ј.(29), К.А.(29), Е.С.(27), М.Е.А.(30), Х.Т.(28), М.З.(21) и В.С.(25), сите од Република Турција, затоа што при гранична контрола кај нив биле пронајдени британски визи и британски дозволи за престој за кои постојат основи на сомнение дека се фалсификувани. Тие биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (28.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 131 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина пет санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за некористење на сигурносен појас…

    Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (28.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 61 возач, меѓу кои 20 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 2 возачи за управување под дејство на алкохол, 6 санкции за непрописно паркирање. Изречена е една санкција за користење на мобилен телефон при возење…

    На 28.09.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 22 прекршоци, од кои 17 надвор од населено место и 5 во населено место. Санкционирани биле и 19 други видови на прекршоци, од кои 8 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 1 за возач почетник, 5 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за неносење заштитен шлем и 2 за непрописно паркирање.

    На 28.09.2023 во 23.00 часот во Полициската станица Центар, Љ.С.(25) од Скопје пријавил дека на ул.„Маџир Маало“ бил каснат од куче скитник.

    На 28.09.2023 во 14.00 часот во Полициската станица Карпош, Д.С.(42) од Скопје пријавил дека на Средно Водно бил каснат од куче скитник.

    На 28.09.2023 во 23.50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Д.М.(62) од Скопје пријавил дека на ул.„Александар Македонски“ бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img