More

    МВР- Извадок на дел од дневни настани, 20.12.2024

    spot_img

    На 19.12.2024 во 20.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.К.(36) од Куманово. При претрес во неговиот продажен објект, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 500 парчиња пиротехнички средства. Р.К. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

    На 16.12.2024 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода Џ.Д.(36) од Радовиш. Тој се сомничи дека на 17.12.2024 на ул.„Партизанска“ во Радовиш со употреба на сила од Н.М.(39) од Радовиш одзел личен предмет. Во службен разговор во Полициска станица Радовиш, Џ.Д. го признал делото. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против Џ.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Денеска (20.12.2024) во 02.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Ј.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 19.12.2024 во 23.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.А.(29) од с.Арачиново, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 19.12.2024 во 22.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.М.(23) од с.Мралино, општина Илинден, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 19.12.2024 во 19.15 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од с.Стајковци, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 19.12.2024 во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.В.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 19.12.2024 во 14.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи го лишиле од слобода Н.Ј.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 19.12.2024 во 12.00 часот во СВР Битола, од Казнено – поправната установа Затвор Битола било пријавено дека при преглед кај осуденикот М.А.(36) од Битола била пронајдена марихуана и таблети. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

    На 19.12.2024 во 16.45 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.Ц.(61) од Скопје пријавила дека на ул.„Ѓорѓи Димитров“ во Скопје била касната од куче скитник.

    На 19.12.2024 во 14.55 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.Д.(60) од Скопје пријавил дека во круг на фабрика на подрачјето на Кисела Вода бил каснат од куче скитник.

    На 19.12.2024 во 22.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.П.(52) од Скопје пријавила дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје била касната од куче.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img