More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани, 16.05.2024

    spot_img

    На 15.05.2024 во 20.45 часот на место викано „Клучка Орман“, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(20) од с.Голема Речица, тетовско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 15.05.2024 во ОВР Прилеп, М.Н.(56) од с.Канатларци пријавил дека во дворното место во с.Канатларци пронашол три неексплодирани експлозивни направи. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола безбедно ги подигнал, при што било констатирано дека станува збор за една артилериска граната од 105 мм, една минофарлачка граната од 75мм и една рачна бомба кои потекнувале од Првата светска војна.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (15.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 125 мерки, меѓу кои 16 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, четири мерки за користење на мобилен телефон при возење, три санкции за некористење на сигурносен појас…

    Во текот на вчерашниот ден (15.05.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 98 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 33 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 65 надвор од населено место.

    Во текот на вчерашниот ден (15.05.2024), во периодот од 12.00 до 19.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 67 возачи. Од нив, 41 возач не користел заштитна кацига за време на возење, 17 возеле без возачка дозвола… За време на контролата санкционирани се и 147 други видови на сообраќајни прекршоци.

    На 15.05.2024 во 06.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово-с.Макреш, атар на с.Макреш, општина Старо Нагоричане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат кордоба“, управувано од Ј.С.(45) од Куманово и патничко возило „рено меган“, управувано од А.С.(36) од с.Канарево, кумановско, двете со кумановски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ј.С., додека неговиот сопатник С.А. и другиот возач А.С. се здобиле се телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

    На 15.05.2024 во 22.50 часот, полициски службеници Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ затекнале 11 лица државјани на Непал при обид за илегално преминување на државната граница од Република Северна Македонија во Република Грција. Лицата се приведени во Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица, известен е дежурен судија од Основен суд Гевгелија и по негови насоки ним им се дадени решенија за напуштање на територијата на државата.

    На 15.05.2024 во 11.30 часот во Полициската станица Карпош, С.С.(59) од с.Кучевиште, скопско, пријавила дека на ул.„Иван Цанкар“ во Скопје била касната од куче скитник,

    На 15.05.2024 во 20.30 часот во Полициската станица Чаир, Д.Г.(23) од Скопје пријавил дека на ул.„Петар Манџуков“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img