Полициски службеници на СВР Тетово вчера (12 декември) околу 10 часот и 45 минути во Тетово го лишиле од слобода 22-годишниот тетовец М.М. затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.
Ноќеска (13 декември), половина час по полноќ, на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Д.Ш.(21) и А.Н.(24), двајцата од Гостивар. При преглед кај нив пронајдена и одземена е марихуана. Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот и ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 12.12.2023 во 14.40 часот на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари го лишиле од слобода С.С.(40) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 12.12.2023 полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода В.Б.(40) од Пехчево. Тој бил баран со потерница по наредба од Казнено поправна установа Затвор Штип за доиздржување на казна затвор од три години. Лицето е предадено во надлежната казнено поправна установа.
На 12.12.2023 во 14.50 часот на ул. „Маршал Тито“ во Штип полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ј.Д.(20) од Штип. Полициските службеници кај него пронашле и одзеле марихуана и грутчеста материја. По комплетирање на случајот против Ј.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.12.2023 во 16.35 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Христо Татарчев“ патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Б.(51) од Скопје удрило во велосипед управуван од А.З.(36) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 12.12.2023 во 05.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на мост од река Пчиња, атар на с.Војник, општина Старо Нагоричане, товарно моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Т.(65) од с.Петралица, општина Ранковце удрило во В.Т.(87) од с.Војник. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
На 12.12.2023 во 14.30 часот во Полициската станица Центар В.П.(21) од Битола, пријавила дека во дворот на факултетите при УКИМ била касната од куче скитник.
На 12.12.2023 во 19.00 часот во Полициската станица Драчево Л.К.(61) од Скопје пријавила дека во с.Долно Лисиче била касната од куче скитник.
На 12.12.2023 во 19.00 часот во Полициската станица Карпош С.Т.(51) од Скопје пријавил дека на ул.„Варшавска“ бил каснат од куче скитник.