More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани, 10.01.2024

    spot_img

    На 09.01.2024 во 21.30 часот во Скопје, на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.С.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 09.01.2024 во 19.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Л.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 09.01.2024 во 21.05 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Х.(26) од Р.Албанија, со престој во Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 09.01.2024 во 13.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Б.(36) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    Полициски службеници на СВР Тетово ноќеска (10 јануари) околу 1 часот и 30 минути, на улица „113“ во Тетово, го привеле Е.А.(22) од тетовска Мала Речица затоа што при преглед на возилото што го управувал „фолксфаген поло“ со тетовски регистарски ознаки, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

    Вчеравечер (9 јануари) околу 19 часот и 20 минути, во казино на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 45-годишниот тетовец И.Х. кај кого бил пронајден хероин. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

    На 09.01.2024 во 17.30 часот било пријавено дека во Скопје на бул.„Никола Карев“ патничко моторно возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(24) од Скопје, удрило во А.Т.(33) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.01.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 109 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за користење мобилен телефон при возење…

    На 09.01.2024 во 20.05 часот, било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Т.(22) од с.Добрача-општина Старо Нагоричане, удрило во  З.Ѓ.(59) од Куманово. На местото на несреќата починал З.Ѓ.. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

    На 09.01.2024 во 14.50 часот во Полициската станица Центар Н.Х.(30) од Германија пријавила дека во Градскиот парк во Скопје била касната од куче скитник.

    На 09.01.2024 во 13.30 часот во Полициската станица Кисела Вода Г.Ц.(68) од Скопје пријавила дека на ул.„Марко Орешковиќ“ во Скопје била касната од куче скитник.

    На 09.01.2024 во 11.30 часот во Полициската станица Аеродром Ј.Г.(59) од Скопје пријавила дека на бул.„АВНОЈ“ во Скопје  била касната од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img