More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани, 09.04.2024

    spot_img

    На 08.04.2024 во 14.05 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Кичево го приведоа Х.Ф.(45) од кичевското село Горно Строгомиште. За него била распишана централна потерница врз основа на судска наредба со која се барал за издржување затворска казна од една година и шест месеци за сторено кривично дело „измама“. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

    На 08.04.2024 во 23.30 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода С.К.(54) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, дигитална вага со остатоци од бела материја, шише со течност и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

    На 08.04.2024 во 21.50 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Е.(53) од Тетово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена поголема количина на пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од „тешка кражба“ извршена на 02.01.2024 во домот на А.С.(31) од Тетово. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. 

    На 09.04.2024 во 00.50 часот на езеро Младост во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Н.Ѓ.(27) од Чашка, В.М.(31), Н.А.(25)  и 27 – годишната В.К., сите од Велес. При контрола на патничко возило „бмв“ со велешки регистарки ознаки, управувано од Н.Ѓ., а останатите лица биле сопатници, В.М. фрлил пакување со марихуана, кое е пронајдено и одземено. Лицата се приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

    На 07.04.2024 во 22.00 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.В.(22) од Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

    На 07.04.2024 во 08.55 часот на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ш.(33) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

    На 08.04.2024 во 07.15 часот во СВР Штип било пријавено дека во двор од куќа на ул.„Белградска“ во Штип, сопственост на В.Е.(39) била пронајдена рачна бомба. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Штип ја подигнал бомбата за понатамошна постапка. 

    Во текот на вчерашниот ден (08.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 147 возачи. Од нив, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 34 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 103 надвор од населено место. 

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (08.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 23 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците… 

    На 08.04.2024 во 18.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Мешеишта, општина Дебрца, патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од С.Р.(59) од струшкото село Долно Татеши, излетало од патот. Притоа, малолетна сопатничка се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа на СВР охрид. 

    На 08.04.2024 во 12.15 часот во Полициската станица Центар, С.Г.(52) од Скопје пријавил дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

    На 08.04.2024 во 12.55 часот во Полициската станица Центар, К.А.(19) од Скопје пријавила дека на ул.„Беласица“ во Скопје била касната од куче скитник. 

    На 08.04.2024 во 22.10 часот во СВР Велес, Е.Ф.(37) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img