More

    Му го пресекле патот, украле торба со пари, си го запалиле џипот и побегнале

    spot_img

    Се судриле со возилото на кумановец, пукале, одзеле торба со пари, си го запалиле џипот и избегале со автомобил. Колку пари украле криминалците синоќа во спектакуларен грабеж во Куманово, засега не е познато, но веројатно во торбата што ја зеле имало поголема сума, имајќи предвид дека по грабежот криминалците го запалиле ренџ-роверот, објави МКД.

    Грабежот се случил синоќа на улицата Доне Божинов во правецот на кумановската населба Карпош, соопштија од СВР Куманово.

    „Во 20:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата Доне Божинов во Куманово патничко моторно возило марка ренџ ровер со скопски регистарски ознаки удрило во патничко моторно возило марка пасат со кумановски регистарски ознаки управувано од С.С. (63) од Куманово. Притоа неколку лица пукале кон возачот на патничкото моторно возило пасат и му одзеле торба со пари, а подоцна го запалиле патничкото моторно возило ренџ ровер“, соопшти СВР Куманово.

    Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Од противпожарната единица на Куманово потврдија дека гаселе опожарено возило на улицата Доне Божинов.

    Како што јавува Куманово њуз, според очевидци, разбојниците со џипот му го пресекле патот на возачот на автомобилот, по што му ја одзеле торбата со пари и побегнале. Се слушнало и пукање. Разбојниците го запалиле џипот во близина на надвозникот кај хотелот „Сателит“ и побегнале со друго возило

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img