More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани 08.02.2022

    spot_img

    Денеска (08.02.2022), полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ч.(62) од с.Љубанци, скопско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден пиштол непозната марка и калибар, еден карабин непозната марка и калибар, 977 куршуми различен калибар, три ловечки патрони и една воздушна пушка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.

    На 07.02.2022 во 23.55 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Р.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 07.02.2022 во 12.45 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Б.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 07.02.2022 околу 10.30 часот во тетовско Нераште, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 45-годишниот Ш.Ш. од ова село, поради постоење основано сомнение дека претходниот ден од продажен објект во Тетово одзел пари и производи. Ш.Ш. бил приведен и задржан во Полициската станица Тетово, по што е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје.

    На 07.02.2022 во 20.50 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.И.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 07.02.2022 во 22.50 часот на подрачјето на Петровец, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.К.(23) од Кавадарци, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 07.02.2022 во 14.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле пет малолетници од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 07.02.2022 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 22 прекршоци, од кои 17 надвор од населено место и 5 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Истиот ден, во периодот од 08.00 до 12.00 часот спроведена е акциска контрола на возачи кои не почитуваат првенство на минување на пешаци. Притоа биле откриени и санкционирани 6 прекршоци. Санкционирани биле и 16 други видови на прекршоци, од кои 7 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 2 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за користење мобилен телефон и 5 за непрописно паркирање.

    На 07.02.2022 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. При контролата биле откриени 17 прекршоци кои биле соодветно санкционирани. На 07.02.2022 во периодот од 08.00 до 12.00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои не даваат предност на минување на пешаци. Притоа, биле констатирани и санкционирани 6 прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

    На 07.02.2022 во периодот од 08.00 до 12.00 часот на подрачјето на СВР Струмица била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои не даваат првенство на минување на пешаци. Притоа, биле констатирани 7 прекршоци. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

    На 07.02.2022 во 15.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Тошо Арсов“ во Штип, товарно возило „цитроен берлинго“, со штипски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(60) од Штип, удрило во пешакот П.М.(78) од Штип. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

    На 07.02.2022 во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во 17.30 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Гевгелија, патничко возило „санг јонг корандо“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(70), удрило во пешакот С.К.(53), двајцата од Гевгелија. Во несреќата С.К. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Гевгелија.

    На 07.02.2022 во 16.20 часот во Полициската станица Центар, К.К.(78) од Скопје пријавил дека на ул.„Самоилова“ бил каснат од куче скитник.

    На 07.02.2022 во 19.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Илинден“ и бул.„Св.Климент Охридски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода“, управувано од Ј.Б.(38) од Скопје, патничко возило „фиат“, управувано од Д.П.(45) од Скопје и патничко возило „киа“, управувано од А.Т.(36) од Скопје, сите со скопски регистарски ознаки. Во незгодата со повреди се здобиле Ј.Б. и сопатникот од патничкото возило „шкода“, Б.Љ.(35), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 07.02.2022 во 14.50 часот во Полициската станица Центар, К.М.(52) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img