More

    Муцунски на маса со министрите за надворешни работи на ЕУ

    spot_img

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на првиот ден од почетокот на мандатот, патува за Луксембург, каде ќе учествува на Состанок меѓу министрите за надворешни работи на Европската Унија и земјите од Западен Балкан. Настанот се одржува во рамки на Советот за надворешни работи на ЕУ, а во организација на потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

    Како што соопштуваат утрово од МНР, на состанокот ќе стане збор за евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, како и модалитетите за зајакнување на соработката и присуството на ЕУ во нашиот регион.

    Во рамки на посетата, Муцунски ќе присуствува на аудиенција кај Големиот војвода од Луксембург, Анри, како и на работна вечера со министрите за надворешни работи на Европската унија и Западен Балкан на покана на заменик премиерот и министер за надворешни работи и надворешна трговија на Луксембург, Ксавие Бетел.

    Муцунски од Луксембург ќе продолжи во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и со високи претставници на Европската унија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img