More

    Пропаѓа шансата Кина да издејствува мировен договор за Украина?

    spot_img

    Украина не успева во плановите да ја натера Кина да се посвети на мировен договор, а украинскиот претседател Володимир Зеленски бил игнориран од кинеската делегација на Светскиот економски форум во Давос, пишува „Политико“.

    „Украинските лидери не ја криеја својата желба да се сретнат со кинеските претставници во Швајцарија оваа недела, но претседателот Володимир Зеленски си отиде дома без посакуваната средба, нов удар за Киев“, се вели во текстот.

    „Политико“ тврди и дека „тоа е последниот знак дека Кина нема намера да врши притисок за прекин на сеопфатната војна на рускиот претседател Владимир Путин против Украина“.

    Се чини дека одлуката на Кина да не се сретне со Украинците е намрена. Висок американски функционер потврди дека Пекинг го одбил барањето на Киев за средба. Друг американски функционер рече дека Кина отфрлила какви било разговори откако Русија ја повика да ги прекине планираните дипломатски состаноци со Украина.

    Зеленски ги игнорираше прашањата на новинарите, вклучително и она за односите меѓу Украина и Кина, заминувајќи како да не ги слушнал. Тој на форумот беше пречекан како рок-ѕвезда, а сепак неговата земја се соочува со неизвесна иднина и успех во војната.

    Двете страни во војната во Украина имаат големи човечки и оперативни загуби, но Русија успева да произведува оружје и покрај западните санкции. Од друга страна американскиот Конгрес се мачи да одобри воена помош од 61 милијарда долари за Украина, а републиканците сè повеќе се откажуваат од одржување на војна на која не ѝ се гледа крајот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img