More

    „Мојот зет ми е омилен во репрезентацијата“

    spot_img

    Српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ завчера отпатува за Германија на Европското фудбалско првенство, за да му даде поддршка на својот зет Немања Гудељ и на српската фудбалска репрезентација в четврток.

    Фоторепортерите ја забележаа на белградскиот аеродром каде се спремала за лет за Германија.

    Цеца во разговорот за „Блиц“ рекла дека е подготвена и малку да ужива.

    – Се надевам дека сум подготвена за Европското првенство. Јас ги завршив своите обврски, тако што одам да уживам во фудбалот. Таму ме чека ќерка ми, ќе биде супер – изјавила Цеца за српски „Блиц“.

    Цеца пред натпреварот им посака среќа на сите.

    – Јас се надевам дека имаме сериозна артилерија. Никогаш не сум песимист. Мојот зет ми е омилен во репрезентацијата, тоа се подразбира. На сите им посакувам среќа на теренот, најважно ми е да се борбени и храбри и достојно да ги бранат боите на својата земја – рекла Цеца.

    Репрезентацијата на Србија завчера загуби од Англија, а на трибините поддршка на сопругот му пружи и Анастасија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img