More

    Млада жена се породила на тротоарот пред вратата на болницата во Уржичена, од каде претходно била исфрлена бидејќи наводно немало лекар

    spot_img

    Млада жена (24) се породила на тротоарот пред вратата на болницата во Уржичена, од каде претходно била исфрлена бидејќи наводно немало лекар.

    Видеата кои кружат на социјалните мрежи покажуваат жена која лежи на тротоарот пред болница во југоисточна Романија поради породилни болки. Претходно таа дошла да се породи, но отворено и кажале дека нема кој да и помогне и дека немаат место за неа.

    Екипата на Брзата помош требало да ја однесе во болницата во Слобози, оддалечена 60 километри, сепак породувањето започнало на тротоарот. Лекарите успеале да стават пластична кеса под младата жена за бебето да не излезе на тротоарот.

    – Добро сторено! Браво – се слуша како вели докторот.

    Младата мајка роди здраво девојче.

    – Веќе можеше да се види главата на детето, па тие не ја мрднаа – вели еден од сведоците.

    Директорот на болницата наведува дека трудницата требало да чека во Брзата помош каде би била под соодветен надзор, додека градоначалникот наведува дека за инцидентот е виновна болницата поради немањето кадар.

    Сепак, министерот за здравство на Романија тврди дека имал кој да се грижи за жената.

    – Ништо не може да ја замени емпатијата. Можело да и се пружи помош внатре во болницата, без разлика на специјалноста на дежурниот лекар и во безбедни услови, а не импровизирани. Сметам дека разрешувањето на директорот од страна на градоначалникот е морално и соодветно – изјави министерот за здравство Александру Рафила.

    Истата смена, според романските медиуми, имала уште еден неуспех во понеделникот вечерта, кој сепак завршил трагично.

    Маж (32), кој дошол на Брзата помош со силни болки во градите, бил пуштен дома, а по неколку часа починал. Семејството тврди дека лекарот го прегледал површно.

    – Младиот човек бил под опсервација неколку часа, по што рекол дека се чувствува добро и сака да си замине – тврди менаџерот на болницата Јанус Даниела.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img