More

    Мицкоски вели дека имаат принципиелен договор врз кој ќе се темели идната влада

    spot_img

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прави влада по секоја цена, ако не може да се договори со коалициските партнери за главните приоритети на идната влада.

    – Првото што треба да го направиме е коалициски договор, без тоа нема да има влада по секоја цена. Треба да имаме јасен коалициски договор, кои се приоритетите на новата влада, политички, економски и во делот на борба против криминалот. Потоа може да се договарaме за сѐ друго. Во тој договор ќе влезе и промената на владата, намалување на министерствата. Фокусот ќе биде и правичната застапеност на индивидуата-граѓанинот. Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз основа на тој договор, да функционираме како идна влада – рече Мицкоски.

    Тој додаде дека имало партии кои преговарале со ВМРО-ДПМНЕ, но со нив не е постигнат договор.

    – Или ќе настапат самостојно или со актуелните владејачки партии – рече Мицкоски на прес-конференцијата по работната средба со Стопанската комора на Македонија.

    За соработката со Достинство, Демократскиот сојуз и Обединети за Македонија, рече дека е направен принципиелен договор за заеднички настап на изборите и очекува да функционираат понатаму како идна Влада.

    – Околу мотивот и причините, би сакал тоа да биде фактот дека тие препознале во нашата програма добри работи и одлучиле да ја прифатат – рече тој.

    За тоа кој е главен адут на изборите, Мицкоски рече тоа може да се види во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, но за СДСМ рече дека се однесува неодговорно и нема изготвено програма, туку пишува само соопштенија со напади врз ВМРО-ДПМНЕ.

    – Јас излегов и презентирав дел од проектите во час и половина. Тоа е пристапот што треба да го имаме. СДСМ излегоа со една прес-конференција на која прочитаа неколку реченици и истите луѓе бесрамно излегоа во јавноста со неразумни напади кон нас. Но, граѓаните се тие кои што судат дали ВМРО-ДПМНЕ има добра или лоша програма. Многу брзо ќе го добиеме одговорот – рече Мицкоски.

    Неговиот став кон тоа дека ДУИ коалицира и со партии кои не се албански, е дека ДУИ на тој начин „се обидува да направи маневар на политичкиот простор, со што ќе го ублажат поразот на изборите од страна на консолидираната албанска опозиција“.

    – Не мислам дека ова ќе биде успешен потег. ДУИ правеше и порано вакви обиди. Најави зелена транзиција, а заврши со коруптивни зделки, но времето нека биде одговор на овие дилеми – одговори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img