More

    Мицкоски ја најави првата странска инвестиција на новата власт

    spot_img

    Можеби сме мали, но сме многу важни во овој дел од светот не само од аспект на струјата и на прекуграничните трансакции. Треба да се земе предвид реалноста и да не се потцени овој мал, кревок пазар, порача мандатарот Христијан Мицкоски на 7. Македонски енергетски форум (МЕФ).

    Мицкоски напомена дека енергетската ефикасност ќе биде приоритет на идната влада, но и дека завршувањето на грчко-македонскиот гасовод нема да ја комплетира сликата без дополнителни интерконектори кон централна и кон централно-источна Европа.

    Според Мицкоски, паралелно со енергетската транзиција, земјава ќе мора да ги има предвид и социјалните аспекти, а ќе мора да се грижи и за загревањето зашто и загадувањето треба да биде меѓу клучните приоритети.

    – Можеби сме мали, меѓутоа сме важни кога станува збор за припојувањето со соседните земји и пазари, па често велам дека многу важен дел сме во однос на енергетската мрежа во овој дел во светот. Нашиот најголем приоритет во иднина ќе биде да ги балансираме енергетското тргување, од една страна, зашто тековно сме земја која увезува, и да креираме одржливи решенија, од друга страна, да го реорганизираме нашиот пазар на електрична енергија, па наместо да увезуваме, да извезуваме струја. Тоа ќе го избалансира нашето портфолио и ќе придонесе за раст на домашниот производ и за поддршка на економијата – рече мандатарот.

    Мицкоски ексклузивно најави прва странска директна инвестиција која ќе биде во делот на енергетиката.

    – Очекуваме први странски директни инвестиции во земјата со новата влада. Тоа ќе биде објавено и со фокус на секторот енергетика со фокус на инсталирање на нова ветерна фарма што ќе биде во источниот дел од земјата помеѓу Карбинци, Штип и Радовиш, три општини на истокот. Ќе биде голема инвестиција колку што сум информиран и со податоците со кои располагам во моментов се предвидува производство на електрична енергија приближно еден терават-час што е еден милион мегават часови, што е приближно 20% од целокупното производство на електрична енергија во земјава и ова би било прва директна странска инвестиција која ќе ја објави новата влада во Македонија – истакна Мицкоски.

    Пред него се обрати американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер, со порака дека енергетската сигурност и зелената енергија се двата приоритета кои треба да ги надминат партиските политики. Таа оцени и дека земјава треба да го заврши грчко-македонскиот гасовод кој ќе ги елиминира, како што рече, зависноста од Русија и заканите на одредени прекини во снабдувањето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img