Мицкоски- Аферата „Паразити“ го покажува третманот на власта кон народот

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за порталот Република вели дека со аферата „Паразити“ којашто деновиве ја обелодени партијата се покажува нефер третманот на власта кон народот, бидејќи, како што рече, додека граѓаните едвај сврзуваат крај со крај, луѓе што се слепи послушници на власта енормно се богатат.

– Таа афера покажува практично еден нефер третман кон граѓаните во Македонија, додека секој просечен човек едвај врзува крај со крај од први до први. Има една мала група на власт која што практично на грбот на сите граѓани енормно се богати, има огромни примања, додека, пак, од Владата има најави дека ќе ги намалувале платите, ќе ги намалувале паушалите, ќе ги намалувале хонорарите во некои јавни претпријатија, во некои агенции кои што се генерално под владата, а од друга страна гледате како луѓе слепи послушници на Владата се богатат и стануваат милионери би рекол во еден мандат, а најголем дел од нашите сограѓани преживуваат – посочи Мицкоски.

Според Мицкоски, аферата „Паразити” го покажува лицемерниот однос на најнеуспешната по сите параметри влада на СДСМ и ДУИ кон граѓаните.

– Тоа е еден лицемерен однос, двојни стандарди на Владата кон граѓаните и сето тоа го покажува вистинското лице на оваа Влада на СДСМ и ДУИ. Влада којашто е по сите параметри најнеуспешна во независна Македонија, но би рекол и најманипулативна од две причини. Првата има работи коишто ги прават со намера, и има работи кои што не знаат да ги прават и сето тоа ако се обедини во еден мозаик тогаш доаѓаме до оваа афера „Паразити“ – истакна тој.

На прашањето колку вакви „паразити“ има, Мицкоски рече дека ќе продолжат да ги обелоденуваат имињата и очекува од нив морална и етичка одговорност и ќе побараат намалување на платите.

– Во периодот којшто следува ќе бидат објавувани такви имиња и се надевам дека дел од тие луѓе ќе почувствуваат било каква морална и етичка одговорност и ќе побараат намалување и солидарност за останатите 99,9 проценти граѓани во Македонија – рече Мицкоски.

Share This Article