More

    Митева информира дека ЦК на ВМРО-ДПМНЕ застанал зад Мицкоски

    spot_img

    Паднаа во вода валканите договори помеѓу оската ДУИ-СДСМ и поранешни функционери од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, а за жал и на господинот Груевски, коишто се ставаат на располагање сè со цел да се обезбедат оние пратеници коишто на нив би им ја завршиле работата којашто ја ветуваат во јавноста – истакна Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол во своето гостување на телевизија Алфа.

    Митева информираше дека на вчерашниот состанок на централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се разговарало за актуелната политичка, економска состојба во Македонија.

    – Дополнително ВМРО-ДПМНЕ и централниот комитет ги реафирмираа ставовите коишто како политичка партија изминатите денови ги презентиравме пред јавноста, а коишто се однесуваат на осуетување на планот којшто го има власта во моментот, а тоа е оската ДУИ-СДСМ и за жал, поранешни функционери од опозицијата, коишто им се ставиле на располагање на власта, сè со цел да се внесе раздор во македонскиот народ, во опозицијата и обид да се направи промена на ставот на ВМРО-ДПМНЕ, односно на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за неизгласување на уставни измени под бугарски диктат – истакна Митева.

    Митева дополни дека Централниот комитет ги поддржа и своите 44 пратеници коишто остануваат на ставот дека бугарски промени односно промени на уставот под бугарски диктат нема да се случат.

    – Дополнително морам да потенцирам дека централниот комитет даде максимална поддршка на сите 44 пратеници од пратеничката групата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата коишто остануваат на ставот дека бугарски промени односно промени на уставот под бугарски диктат нема да се случат – рече Митева.

    Во текот на своето гостување Митева порача дека значајно е тоа што паднаа тезите на СДС дека со ВМРО-ДПМНЕ раководи некој друг, кои доста долго време го пишуваа во своите соопштенија, прес конференции и слично.

    – Она кое е значајно е дека паднаа тезите на СДС кои континуирано ги пласираа во јавноста дека практично со ВМРО-ДПМНЕ раководи некој друг и тоа ако направите една анализа во нивните соопштенија ќе видите дека можеби во 80% беше една теза којашто континуирано ја пласираа – заклучи Митева.

    Таа порача дека на Македонија и на Македонците им е доста од порази, доста им е од договори коишто одат на штета на македонскиот народ и од прифаќање услови кои се штетни за македонските национални интереси.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img