More

    Став на Османи кој, сепак, смета дека платите на функционерите се „скандалозно мали“

    spot_img

    Политичарите треба да бидат последни кои ќе добијат поголема плата, а предност треба да имаат граѓаните со најниски примања, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

    – Од практичен аспект, секој политичар што ќе каже дека не му е битна платата веројатно не остава добра порака, бидејки значи дека има други извори. Јас немам други извори за егзистенција освен оваа плата. Се разбира, секој би сакал да има поголема плата. Но од етички аспект, политичарите треба да бидат последни на листата на граѓани кои треба да имаат зголемување на платите. Да, треба да има зголемување зашто платите се скандалозно мали, но тие треба да бидат последни. Откако на сите ќе им се зголемат платите тогаш и на политичарите – рече Османи.Османи не ги коментираше различните толкувања за покачување на платите од 78 или 19 проценти, бидејќи како што кажа, не слушнал за одлуката и не ги знае деталите, но повтори дека од етички аспект први на ред за зголемување треба да бидат граѓаните кои земаат околу минималната плата и околу просечната плата, па на крајот да бидат политичарите.

    Османи додаде дека за оваа одлука ќе се расправа на седница на Влада, а тој ќе предложи сите да добијат зголемување на платата, но предност пред политичарите да имаат граѓаните со најниски примања.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img